(Фото) Ким Џонг ун се појавил со фластер на тилот под кој се гледа мистериозна дамка

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг ун, во последните неколку дена може да се види во јавноста со мистериозен фластер на тилот. Фластерот повторно ги покрена прашањата за неговата здравствена состојба. Тој бил виден со него за време на настанот на Корејската народна армија кој се одржал од 24 до 27 јули.

Во јавноста се појавиле и слики од крајот на јули, на кои фластерот му бил тргнат, а на местото имало зеленкава дамка, пренесува „Блумберг“.

На Ким косата ми е избричена под нивото на слепоочниците, па тешко е да се сокрие било каква промена на тилот. Со новите фотографии, сега шпиунските агенции ширум светот бараат траги за неговата здравствена состојба, пишуваат медиумите.

Националната известувачка служба на Јужна Кореја, верува дека нема никакви необични знаци во врска со здравјето на Ким. Тие ги цитирале законодавците кои биле информирани од шпиунската агенција, додавајќи дека фластерот бил отстранет по неколку дена и дека под него немало никаква лузна.

„НК Њуз“, специјална служба која се фокусира на државата, изјавила дека имало лузна на тилот на Ким и дека таа се гледала на фотографиите кои ги објавиле државните медиуми.

 

Scroll to Top