Германија го повлече своето злато од Париз, следни се Лондон и Њујорк

Германија се подготвува за колапс на еврозоната?

Федералната банка на Германија го врати во својата земја златото кое со децении се наоѓало во централната банка на Франција, во Париз.

Бундесбанката последните 91 тон злато ги вратила во својата земја деновиве. Сега во Франција повеќе нема германско злато, кое досега парижани им го чуваа.

Своето „француско злато“ Берлин почнал да го враќа на почетокот на 2017 година, а од Велика Британија и Соединетите Американски Држави почнале да го враќаат уште од 2013 година. Од Париз вратиле вкупно 347 тони. Сè во златни плочки.

Германските резерви на злато изнесуваат 3378 тони. Повеќе имаат само во САД 8133,5 тони.

Досега Германците под своја контрола вратиле 1710 тони од своето злато, односно 50,6 проценти.

Членот на управата на Бундесбанката, Карл Лудвиг Тиел, најави враќање на 300 тони злато од Њујорк.

Некои експерти сметаат дека Германците брзаат поради можните потреси во еврозоната, и особено, за случај на повторно воведување на марката (партијата за Алтернатива за Германија бара одржување на референдум за еврото).

Аналитичарите тврдат дека не е случајно што враќањето на германското злато временски се поклопило со брегзит и изборите во Холандија, Австрија и Франција, на кои евроскептиците дополнително ја зацврстија својата позиција.

Бундесбанката планира своето злато да го врати во земјата до 2020 година.

Германија во моментов има 1236 тони злато во Њујорк и 432 тони во Лондон.

Вкупната вредност на своето германско злато се проценува на 120 милијарди евра. Тоа е 68 проценти од германските девизни резерви.

Германците своето злато по Втората светска војна го држеле во Париз, Лондон и Њујорк, поради стравот од можен напад на СССР. А и затоа што на Американците им било во интерес.

 

 

 

Scroll to Top