Германски лекар убил пациенти заболени од корона, сакал да го поштеди семејството од понатамошно патење

Германски лекар убил пациенти заболени од корона, сакал да ги поштеди нив и нивните семејства од понатамошно патење, пренесува српски Курир, повикувајќи се на германските медиуми.

Германската полиција денеска соопштила дека е отворена истрага против доктор во Есен, кој е осомничен дека со смртоносна инекција убил двајца пациенти, кои биле тешко заболени од короанвирус.

Во соопштението се наведува дека докторот (44), кој од февруари работел во Универзитетската болница во Есен, е осомничен дека убил двајца мажи, од 47 и 50 години, кои биле на интезивна нега и биле во многу сериозна состојба.

Во соопштението се додадава дека осомничениот кој е уапсен во средата, признал едно од убиствата, наведувајќи дека сакал да го поштеди пациентот и неговото семејство од понатамошно патење, пренесува „Ројтерс“.

Германскиот весник „Билд“, пренесол дека докторот го известил семејството на пациентот, пред да го усмрти. Во Германија, во рамки на судската пресуда од минатата година, пациентите можат да побараат нивните животи да завршат предвреме, но, засега не е јасно дали тоа се случило и во овој случај.

Од билницата во Есен соопштиле дека докторот е суспендиран и дека соработува со полицијата во истрагата.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top