Германскиот виролог Кристијан Дростен предупреди на опасност од вирус, кој би можел да предизвика пандемија, пренесува Курир.рс.
Главниот вирулог на берлинскиот „Шаритеа“, изјавил дека вирусот Mers-CoV, според негово мислење, е кандидат за следната пандемија.
Дростен истакнал дека коронавирусот од науката добива доволно внимание и дека досега сè е направено што можело да се направи.
Поради тоа, како што објаснил Дростен, тој има намера да воспостави помала работна група, кја ќе се посвети на новиот вирус.
Инаку вирусот Mers (Middle East Respiratory Syndrome) припаѓа на групата на коронавирус и за првпат се има појавено на арапскиот полуостров во 2012 година.
Како и короната и Mers предизвикува инфекции на дишните органи, поради што Светската здравствена организација, овој вирус го има сместено меѓу приоритетните болесит, на кои им се дава големо внимание.