Глобалистот папата Франциско започна со создавање голема ватиканска војска

By

Папата Франциско потајно ја засилува и ја зголемува војската која набргу ќе брои меѓу десет до дванаесет илјади високообучени војници. Ова го вели ватикански инсајдер, кој, според своите конзервативни процени, вели папата планира да ги користи овие милитанти со цел да помогне во создавање на новиот светски поредок.

dobivaj vesti na viber

Ватиканските набљудувачи се вознемирени од ваквите потези на папата и почнеле да се шегуваат дека папата Франциско повеќе не е глава на црквата и дека е сега шеф на војска со длабоко верско уверување.

Ватикан има една од најстарите воени единици на светот. Папската Швајцарска гарда е формирана 1506 година од страна на папата Јулио Втори, која во историјата е позната како приватна полиција. Таа со векови се состои од најдобрите швајцарски војници, кои функционираат како лични телохранители на папата. Вкупниот број ретко кога ја ндминувал бројката од 100 војници.

Набљудувачите и лицата што ја следат оваа тематика првпат беа заинтригирани, а потоа и ја алармираа јавноста, за тоа дека папата Франциско го зголемува бројот на својата војска и даваат свои прогнози дека набргу неговите лични телохранители ќе бидат од десет до дванаесет илјади. Тоа ќе бидат самостојни елитни војници под негова команда, а понатамошна регрутација е планирана и во иднина.

Популарното мислење во Ватикан, кое излезе во јавноста, е дека папата реагира на моментните војни, природни катастрофи и гладот и поради тоа засилена е потребата за зголемена воена присутност повеќе од кога било претходно.

Кога новиот светски поредок ќе ја контролира Европа, ќе биде значително зголемен ваквиот број на високообучено воено присуство во општеството.

Лобсерваторе Романо, полуслужбениот весник на Светата столица, вели дека воената клима е забрзана поради застрашувачката криза која во моментот удира на портите на главните играчи во Европската Унија заканувајќи се дека ќе ги сруши во блиска иднина. Зад затворени врати папата изјави дека верува во пристигнувањето на европската криза, што значи нова светска војна, во која Ватикан ќе има своја улога.

Неодамнешната посета на папата на Јужна и Средна Америка беше дел од планот за регрутирање нови војници, повик за собирање оружје и повик за светската маса да се приклучи кон новиот светски поредок. Тој издаде повик и на итно дејствување на илјадници физички способни, побожни млади луѓе, со цел да ги регрутира за да ја исполни својата цел.

Неодамна се случија и слични регрутации во Источна Европа со планови за регрутирање војници од Ирска и Филипиите во наредните месеци.

Западните мејнстрим-медиуми се необично тивки, а папата нагло го зголеми бројот на папски и швајцарски гардисти. Досега Папата Франциско ја држи под контрола својата војска на начин на кој тој смета дека треба, без налог и со помош на обединетите народи или кои било од земјите вклучуени во сириската војна.

Папата Франциско се смета дека е над човечките закони и во овој момент не е јасно дали неговата војска е под надлежност на Обединетите нации или, како што тој мисли и верува, дека тој е над нивните закони.

„Франциско се гледа себеси како последниот папа на овие времиња пред доаѓањето на големата криза“, пренесува Лобсерваторе Романо. Претходниот папа Бенедикт XVI е отстранет од папството за да се направи место за Франциско затоа што тој е поседниот папа во овие последни мирни времиња пред војната што чука на нашите порти“.

Папата Франциско сонува обединување на човештвото под името на новиот светски поредок, вели близок инсајдер во Ватикан.

Овој папа е комунист во срцето и тој ја крои иднината на западниот свет, особено на Америка, која е најголемата негова пречка до конечното преземање на светот од страна на глобалистите.

 

Ќе ви се допадне