Главните извршни директори од компанијата „Гугл“ на сите свои вработени им наложиле дека работата од дома ќе продолжи најмалку уште една година, па оттука голем број теоретичари на заговор сметаат дека извршните директори имаат информации уште колку долго ќе трае пандемијата.
Претходно, главните извршни директори донеле одлука вработените да работат од дома до крајот на 2020 година. Сега овој рок го продолжија до јули следната година, пренесува „Вол стрит журнал“, повикувајќи се на упатени извори. Заговорниците сметаат дека до тој период ќе се најде соодветна вакцина против опасниот вирус.
Главниот извршен директор, Сундар Пичаи, лично ја донел ваквата одлука минатата недека, по расправата со групата на највисоки директори во компанијата.
Нова одлука се однесува на сите вработени во компанијата и постојано вработените и хонорарците. Нив ги има околу 200.000. Пичаи сака посебно да им помогне на работниците кои мораат да се грижат за децата, затоа што е неизвесно кога ќе се почне со школската година.
Една германска студија неодамна покажала дека работата од дома во текот на корона-кризата работниците ја доживуваат како позитивна промена.
„Вработените кои за време на корона-кризата работат од дома, поретко се наоѓаат под стрес и се попродуктивни“, се вели во студијата која за здравствената осигурителна куќа DAK, ја направиле експерти од институтот Forsa и IGES.
Пред избивањето на пандемијата, 21% од испитаниците изјавиле дека се наоѓаат под стрес, додека за време на истата, ваквиот процент изнесувал 15%.
Меѓу оние кои во меѓувреме редовно работат од дома, 56% од нив изјавиле дека во домашни услови се попродуктивни, отколку на работното место.
Меѓу другите позитивни ефекти од работата од дома, се подобрата усогласеност меѓу работата и семејството. Две третини од испитаниците, како позитивна работа од работењето од дома, го нагласиле изоставувањата на деловните патувања.
Дури 76,9% од луѓето ја навеле дека ваквата форма на работа сакаат да ја задржат и во иднина.