Хакер се обидел да ја отруе водата во град во Флорида

Хакер успеал да влезе во компјутерскиот систем на водоводното претпријатие во Флорида и се обидел да уфрли опасни хемикалии во водата, пишуваат светските медиуми.

Лицето чиј идентитет засега не е откриен, за кратко време го зголемил нивото на натриум хидрокис, во системот за третирање води во Олдсмар.

За среќа, еден од вработените успеал навреме да го спречи во неговите намери. Натриум хидроксид се користи во мали количини за да ја контролира киселоста, но во големи дози може да предизвика големи штети во водата.

Градоначалникот Ерик Сидел го потврди инцидентот и кажа дека досега никој не е уапсен.

„Не знаеме дали нападот е изведен од внатрешноста на земјата или однадвор“, изјави Сидел.

Вработен во погонот забележал два обида да се упадне во системот и при вториот дошло до зголемување на нивото на натриум хидроксид од 100 единици на милион на 11.100. Тој брзо реагирал и го вратил нивото во нормала. Властите кажаа дека водата е безбедна за пиење.

Натриум хидроксид е главна состојка на средствата за чистење одводи и може да предизвика иритација на кожата и очите, а ако со голтне, и повраќање и пролив.

Scroll to Top