Хилари Клинтон вети дека ќе ги згасне сите веб портали кои пишуваат за теории на заговор, бидејќи се поттикнати од Путин

By

Слободата на говорот и слободата на печатот во историјата, доколку Хилари Клинтон беше избрана за претседател на САД, ќе згаснеа целосно. Таа беше кандидат на Демократската партија, и беше сериозна закана да ги згасне сите веб страни, алтернативни вести, и се што естаблишментот го гледаше како „теорија на заговор“.

Во говорот кој што некогашната секретарка го имаше во Рен, таа тврдеше дека Доналд Трамп ги поттикнувал „мрачните теории на заговор“, пред да го напдне и Алекс Џонс, и порталот „Infowars“, а потоа утврди и дека Владимир Путин е семоќниот мозок, кој стои зад алтернативното медиумско движење во Америка.

Тие две пречки на Клинтон се обидоа да ја одвратат од нејзината намера да ги одврати избирачите од објавените документи кои ги објави Викиликс, во врска со нејзината партија. Таа го обвини и Путин за хакирање на мејловите“, тврдејќи нешто што и самиот ФБИ го прогласи за неосновано, и дека нема докази за таквата теорија.

Директорот на Националната известувачка агенција Џејмс Клапер, изјави дека американската известувачка заедница не е подготвена „на повик на атрибуција“.

Американската известувачка заедница, не рекла дека Русија е виновна за хакерските напади. Белата Куќа на тогашниот Обама не го посочи прстот во Русија. Но, недостатокот на докази против Москва, не ја обесхрабри Хилари, да го впери прстот кон Путин, и да го обвини за сите тешкотии со кои таа се соочуваше во тој период – како и секоја чесна истрага на алтернативните медиуми, кои открија еден куп докази против неа.

Па така всушност потекнуваат и „мрачните теории на завери“, Трамп или Клинтон?

Не е чудно што Хилари сака да ги затвори алтернативните медиуми. Тоа е последниот преостанат бастион, на истражувачко новинарство. Хилари беше толку исплашена, за истражувачките новинари, што не одржа прес конференција повеќе од 260 дена – невиден рок за еден претседателски кандидат.

Хилари Клинтон преферира да го контролира начинот на известување со медиумите – како е откриено во тајните разоткриени мејлови на Викиликс, да вработените во нејзината Демократска партија, контактираат со мејнстрим медиумите, да ги исправат своите копии, да ги променуваат своите наслови, и да испиштат приказни кои таа не ги сака.

Мејнстрим медиумите ги засукаа ракавите и ги пикнаа рацете длабоко во џебот на корпоративните интереси, а Хилари е раката која ги притискаше.

Алтернативните медиуми не сакаа да си играат со Хилари на ваков начин. Со Викиликс, алтернативните медиуми беа преостанатиот последен глас на отпор, а Клинтон пукаше по нив, ветувајќи дека сите ќе ги уништи.

Тогашната кампања на Хилари Клинтон влезе во петтата брзина во однос на алтернативните медиуми, со испраќање на заканувачки мејлови на своите спонзори, кои говорат за независниот конзервативен портал „Breitbart News“, и за тоа дека „нема право на постоење“, а алудираше на изработката на плановите за затворање на овој портал засекогаш, доколку Хилари беше избрана за претседател.

Толку за слободата на говор и слободата на печатот. Било да се согласувате со тоа што алтернативните медиуми го велат, ова секако не би требало да биде неважно.

Нивното право на постоење треба да се брани до смрт.

„Бреитбарт е нешто поинаков“, вели таа. „Тие работат се за да Фокс Њуз изгледа како памфлет на Демократската партија. Тие се различна раса, сите заедно – не само конзервативци, туку радикални, нетрпеливи, анти-муслимански, антисемитски, завернички, дилери, кои никогаш не биле и не смеат да бидат во близина на алатките на моќ во оваа земја“.

„Не можеме да одеме понатака, ако не кажеме дека мораме да ги победиме овие луѓе. Јас сакам да ги поттикнам, така одлучно, да нивниот вид никогаш не порасне“, изјави таа за порталот „Breitbart News“, мислејќи на сите останати алтернативни медиуми“.

Ќе ви се допадне