Хрватските власти ги премолчеа новостите за новите лични карти

Со потпишувањето на наведениот договор, подносителите на барања за нова лична карта ѝ допуштаат на фирмата „AKD“ да управува со нивните лични податоци.

Наведената компанија за возврат ќе мора да преземе обврска за примерно однесување.

Приказните за новите лични карти продолжуваат во не толку светол тон. Имено, голем број граѓани чии стари лични карти истекле ги дочекало непријатно изненадување на шалтерите во МУП. На граѓаните кои се принудени да вадат нови лични карти им се врачени договори од државната компанија „AKD“, фирма која ги изработува истите. Весникот „Вечерни лист“ пренесува дека со договорот се регулираат меѓусебните односи.

Доколку немате пристап до интернет, новата лична карта која сте ја изработиле ќе стане неважечка. Личната карта мора да се активира преку интернет во рок од 90 дена. Поради сето ова се појавува прашањето како лицето со ограничен пристап на интернет или лице кое нема пристап до интернет ќе го активира својот документ. Се разбира, се поставува и прашањето која е потребата од активација преку интернет. Но, освен наведените два нелогични проблеми, се поставува и проблемот со рокот на траење.

На страниците за активација на личните податоци се наведува и рокот на траење на личните карти од пет години. Сертификатите траат само пет години. Се разбира, тука е проблемот со потенцијалното оштетување на документите. Овие лични карти се контаминирани па со претерана употреба истите се уништуваат.

Главните проблеми

  • Активација на интернет
  • Чипот
  • Рокот на траење е само пет години поради оштетувањето
  • Со барање за издавање доаѓа и договорот со AKD

Засега не сте принудени да имате нова чипирана лична карта, не морате да вадите нова сè додека не ви истече важечката. Ако сеедно сакате да го направите тоа, можете да го направите кога и да посакате. Нова лична карта може да извадат сите полнолетни граѓани, а на оние на возраст од 65 години ќе им се издава без рок на важност. Властите се надеваат дека со изработката на личните карти ќе се намали и метежот затоа што со електронски потпис работите можат да се извршат без доаѓање во полициска управа и чекање во редови на шалтерите за предавање барања за нова лична карта. Истата може да се извади за хрватските државјани и во странство, без потреба за пријавување на фиктивните адреси во Хрватска.

Загрижувачката новост кај новите лични карти е тоа што тие содржат електричен носач на податоци (чип)  кој ќе ги собира податоците кои се испишани во визуелната зона на картата кај личните податоци, а со тоа на чипот ќе може да се складираат еден или два сертификати. Не можеме да знаеме што нè чека и дали приказната за RFID чиповите е таква каква што ја претставуваат оние кои велат дека со нив може да се контролира нашиот живот, но симптоматично е дека таквиот вид контрола на луѓето влегува на мала врата во Хрватска.

 

 

 

Scroll to Top