Игор Гречушкин е човекот одговорен за експлозијата во Бејрут

Игор Гречушкин, руски државјанин со наводно престојувалиште на Кипар, е сопственикот на бродот што го пренесувал опасниот товар, кој експлодира и предизвика огромна штета во Бејрут.

Гречушкин се сомничи за предизвикување разорна експлозија во пристаништето на Бејрут. Тој е откриен на Кинпар, а портпаролот на полицијата, Христос Андреу, изјавил дека Гречушкин бил лоциран во Лимасол, на барање на Интерпол.

Според грчките медиуми, тој дал изјава во врска со случајот во кој експлодирале над 2.700 тони амониум нитрат, загинале најмалку 135 лица, а повеќе од 5.000 се повредени.

Исто така, портпарол на кипарската полиција рече дека Гречушкин ќе биде пренесен во Либан и ќе им биде предаден на либанските власти.

Дел од медиумите известија дека амониумскиот нитрат е пристигнат во Либан во септември 2013 година во брод, кој е во сопственост на Гречушкин, и пловел под знамето на Молдавија.

Но, здружението на морнари на Русија објави дека бродот „Розус“ е всушност во сопственост на една бугарска компанија. Во бродот биле складирани 2750 тони амониум нитрат, хемиски состав што инаку се користи како вештачко ѓубриво, но во одредени случаи и како експлозив.

Може да предизвика разорна експлозија, како што, за жал, се случи во пристаништето на Бејрут. Ѓубривото во хангари во пристаништето било складирано од 2014 година, па до самата експлозија, без притоа да се почитуваат безбедносните мерки кои би спречиле ваква катастрофа.

Во бродот „Розус“ имало претежно руски и украински морнари. Бродот требало да пренесе товар од грузиското пристаниште Батуми до Мозамбик на крајот на 2013 година, но попатно дошло до технички проблеми и бродот не го поминал безбедносниот преглед во Бејрут.

Бродот бил запленет, најверојатно затоа што сопственикот немал пари ниту желба да ги плати давачките и таксите на пристаништето во Бејрут. Екипажот бил составен од осум Украинци и двајца Руси, кои биле присилени да останат на него.

Сопственикот прогласил банкрот и едноставно го оставил бродот. Либанските власти на крајот пуштиле шест од десет членови до екипажот да се симнат. Четворица останале заробени на бродот полн со експлозивен товар речиси година дена.

„Ние сме тука од октомври, со голем товар на амониумски нитрат, а тоа е експлозивна супстанца. Гречушкин ни кажа дека банкротирал иако јас не му верував. Најважно е тоа што дигна раце и од својот екипаж и од својот товар“, изјавил еден од работниците.

Во јули 2014 година, капетанот Борис Прокошев предупредил за опасноста од товарот на бродот.

„Бевме на бродот 11 месеци и имавме малку залихи. Секојдневно му пишував на Путин. На крајот моравме да го продадеме горивото за со тие пари да ангажираме адвокат. Сопственикот не ни обезбеди ниту храна, ниту вода“, изјавил капетанот Прокошев.

 

Scroll to Top