Има имунитет! – ватикански дипломат обвинет за делење детска порнографија на Божик од канадската црква

By

Канадската полиција издаде налог за апсење високопозициониран ватикански дипломат осомничен за преземање детска порнографија од црквата во Онтарио во текот на последните божикни празници.

Според полицијата во градот Виндсор во Канада, Карло Капела (50) наводно делел детска порнографија на веб-страницата на социјалните мрежи додека бил во посета на местото каде што се вршела богослужба во декември минатата година.

„Во февруари 2017 година полициската интернет-служба во Виндсор за искористување деца примила информација од страна на центарот Royal Canadian Mounted Police National Child Explotiation Coordination Center, која укажувала, дека осомничениот во градот Виндсор наводно делел детска порнографија преку веб-страницата за социјално вмрежување“, објаснува полицијата.

Капела е баран поради обвинување за пристапување, поседување и дистрибуција на детска порнографија, според полицискиот извештај.

Казнените дела се случиле во периодот меѓу 24 и 27 декември.

Телевизијата CBC објави извештај за порнографијата и кажа дека не верува оти односната порнографија вклучува и деца од тоа подрачје.

Капела е ватикански дипломат во Вашингтон и неодамна беше отповикан кога американскиот Стејт департмент изавил дека постои можност за кршење на законите што се однесуваат на сликите на детската порнографија кај еден од ватиканските дипломати во Вашингтон.

Додека Стејт департментот не го идентификува Капела, италијанската новинска агенција АНСА тоа го направи, што подоцна го потврдија и другите медиуми.

Капела има дипломатски имунитет, што значи дека тој не може да биде процесиран во САД. Ватикан го одби барањето да го прекине неговиот имунитет и рече дека ќе го истражи случајот. Уште не е јасно дали Ватикан го истражува случајот од Виндсор или тоа е посебен инцидент во врска со детската порнографија.

Бискупот во Лондон ја потврди својата помош за властите во истрагата за можното кршење на законот за детска порнографија со помош на компјутерскиот систем во локалната црква, изјави гласноговорникот Нелсон Коуто во соопштението за „Виндсор старr“.

Капело е роден во Италија и станал свештеник во 1993 година, пред да влезе во Ватикан 2004 година. Тој ја објавил мисијата во Индија и Хонг Конг.

Католичката црква заглави во скандалите со сексуалните малтретирања опфаќајки ги сите генерации во добар дел од светот.

Папата Франциско изјави дека ќе спроведе политика на нулта толеранција за сексуалното малтретирање внатре во црквата, но го обвинија дека се движи пребавно по таа линија.

Законот од 2013 година што го потпиша папата е врзан за казнени дела поврзани со детската порнографија и наведува дека тие ќе се третираат како злостори дури и ако се сторени во странство и дека ќе се казнуваат со затворска казна во траење од 12 години.

Ќе ви се допадне

Dragon Ball Super (Dub) Episode 131 at ANIMEFLIX animeflix the god of highschool

Watch Black Clover (Dub) Episode 39 (https://animefreak.ws/m/j5XG/ep-39) at AnimeFreak animefreak chatango