Една четвртина од Италијаните веруваат во теории на заговор, кои се однесуваат на пандемијата со коронавирусот, а наведено денес во анкетата изработена од СВГ (SWG), пренесува српски Курир, повикувајќи се на италијанските медиуми.
Меѓу најпопуларните теории на заговор, е е дека вирусот е создаден во лабораторија, за да ја промени глобалната рамнотежа на население, или дека вирусот воопшто не постои, туку е измислен како изговор за контрола на луѓето.
Околу 20% од Италијаните, веруваат дека вирусот е создаден во лабораторија и дека намерно е проширен за да ја промени глобалната рамнотежа на населението, додека пет проценти веруваат дека вирсуот воопшто не постои, но се користи за контрола на луѓето и економијата.
Меѓу оние кои веруваат во теории на заговор, 33% мислат дека вирусот го создале Кинезите, 21% дека се тоа мултинационални мрежи кои сакаат да се збогатат, а 20% сметаат дека вирусот го создала светска елита за да воспостави здравствена диктатура.
Околу 16% сметаат дека вирусот е дел на мафијата која сака да се збогати и да ја зголеми својата моќ. Против коронавирусот би се вакцинирале 44% од испитаниците, а 26% би се вакцинирале, само ако вакцинацијата е задолжителна.
Околу 11% навеле дека не би се вакцинирале ни кога вакцинацијата би била задолжителна, а 19% биле неодлучни. Испитаниците биле многу критични кн младите, сметајќи дека тие се главните преносители на коронавирусот.
Околу 71% од анкетираните, навеле дека донекаде или во целост се согласуваат со реченицата: „Денешната младина е израсната во благосостојба, сè им е дадено, а во време на коронавирус, не се волни на било какво жртвување, за општо добро.
Италија е првата земја во Европа, која беше погодена од коронавирус во февруари. Во понеделникот таа го надмина бројот од 50.000 мртви, додека повеќе од 1.4 милиони од нејзините жители беа инфицирани.