Италијаните веруваат во теории на заговор за короната, секој четврт смета дека вирусот настанал во лабораторија

By

Една четвртина од Италијаните веруваат во теории на заговор, кои се однесуваат на пандемијата со коронавирусот, а наведено денес во анкетата изработена од СВГ (SWG), пренесува српски Курир, повикувајќи се на италијанските медиуми.

Меѓу најпопуларните теории на заговор, е е дека вирусот е создаден во лабораторија, за да ја промени глобалната рамнотежа на население, или дека вирусот воопшто не постои, туку е измислен како изговор за контрола на луѓето.

Околу 20% од Италијаните, веруваат дека вирусот е создаден во лабораторија и дека намерно е проширен за да ја промени глобалната рамнотежа на населението, додека пет проценти веруваат дека вирсуот воопшто не постои, но се користи за контрола на луѓето и економијата.

Меѓу оние кои веруваат во теории на заговор, 33% мислат дека вирусот го создале Кинезите, 21% дека се тоа мултинационални мрежи кои сакаат да се збогатат, а 20% сметаат дека вирусот го создала светска елита за да воспостави здравствена диктатура.

Околу 16% сметаат дека вирусот е дел на мафијата која сака да се збогати и да ја зголеми својата моќ. Против коронавирусот би се вакцинирале 44% од испитаниците, а 26% би се вакцинирале, само ако вакцинацијата е задолжителна.

Околу 11% навеле дека не би се вакцинирале ни кога вакцинацијата би била задолжителна, а 19% биле неодлучни. Испитаниците биле многу критични кн младите, сметајќи дека тие се главните преносители на коронавирусот.

Околу 71% од анкетираните, навеле дека донекаде или во целост се согласуваат со реченицата: „Денешната младина е израсната во благосостојба, сè им е дадено, а во време на коронавирус, не се волни на било какво жртвување, за општо добро.

Италија е првата земја во Европа, која беше погодена од коронавирус во февруари. Во понеделникот таа го надмина бројот од 50.000 мртви, додека повеќе од 1.4 милиони од нејзините жители беа инфицирани.

 

 

Ќе ви се допадне

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 24.9 – Digression: Hinata Sakaguchi Episode Full at website https://animefreak.ws animefreak my hero academia

Attack on Titan Season 3 (https://gogoanime.be/m/rY1Q) Episode 12 at GoGoAnime kenja no mago gogoanime