По Илон Маск и еден од извршните директори на „Гугл“, Сундар Пичаи, во интервју за CBS, во емисијата „60 минути“, рече дека е загрижен околу развојот на вештачката интелегенција. Рече дека од страв не можел да заспие со ноќи.
„Не можеме да разбереме како и зошто доаѓаме до одредени одговори“, рече Пичаи и додаде дека постои црна кутија со чатботови, која не ја разбираат целосно.
И тој како и Маск е еден од оние кои бараат пауза од шест месеци кога станува збор за развој на програмата за вештачка интелегенција. Рече дека секој производ во секоја компанија е под влијание на брз развој на вештачка интелегенција и предупреди дека општеството треба да се подготви за таа технологија која веќе некој период да се развива.
Водителот на ток-шоуто на CBS, Скот Пели, рече дека испробал неколку проекти на „Гугл“ за вештачка интелигенција и рече дека е возбуден од можностите на производите како што е чет-ботот на „Гугл“ Bard.
Пичаи рече и додаде дека вештачката интелигенција може да ја наруши перцепцијата на одредени професии како што се, колоквијално наречени „работниците на знаењето“, а притоа мисли на писателите, сметководителите, архитектите. Иронично во оваа група се и софтверските инженери.
Пичаи даде пример за тоа како може да изгледа иднината за брзо време.
„На пример, можеш да бидеш радиолог и за пет до 10 години ќе имаш соработник на UI. Доаѓаш наутро, да речеме дека имаш сто нешта што треба да ги поминете, а интерфејсот потоа може да каже: „Ова се најсериозните случаи што прво треба да ги погледнете“.
Предупредувајќи за последиците од вештачката интелигенција, Пичаи посочи дека проблемите со дезинформациите и лажните вести значително ќе се зголемат и додаде дека тоа може да предизвика штета.
Минатиот месец CNBC објави дека Пичаи им кажал на вработените дека успехот на неговата новоотворена програма „Бард“ сега зависи од јавното тестирање и додал дека работите ќе тргнат наопаку.
Имено, минатиот месец „Гугл“ го лансираше својот чет-бот за вештачка интелигенција Bard како експериментален производ. Но, стравот од брзиот развој на вештачката интелигенција предизвика многу аларми. Во март, Илон Маск, Стив Возниак и десетици академици повикаа на итно запирање и пауза на експериментите за обука поврзани со големи јазични модели кои беа „помоќни од GPT-4“.