Јапонецот Исеи Сагава успеал да се извлече од убиство на млада девојка во Париз, благодарение на неговиот богат татко. Тој во седумдесетите години од минатиот век ја убил својата пријателка и колешка од факултет Рене. Откако ја убил на полицијата и признал и дека ја изел.
„Ја убив за да можам да ја изедам“, рекол Исеи и им раскажал дека уште од детството тој фантазирал за канибализмот. Им рекол дека најомилена приказна му била онаа за Ивица и Марица и дека фантазирал еден ден да ја запознае Грејс Кели.
Во 1977 година се преселил во Париз за да студира јазик и книжевност. Тогаш имал 28 години. Со Рене се запознале додека му давала иснструкции по германски јазик. Таа била од Холандија и често доаѓала кај него на гости. На 11 јуни 1981 година, тој ја застрелал во вратот.
„Размислував дали да повикам итна помош, но, тогаш си помислив и си реков во себе: Чекај не биди глуп. За ова фантазираше со години“, им раскажал Сагава на полицијата.
Во следните два дена ги јадел деловите од нејзиното тело, а потоа решил да се ослободи од него. Она што останало го ставил во два куфери и со такси ги однел куферите во парк каде ги оставил.
Двајца случајни минувачи ги забележале откако ја виделе крвта. Тие веднаш повикале полиција, а на нив не им требало многу време да го поврзат со убиството. Им помогнал и такистот.
Додека го пребарувале неговиот стан, ги нашле остатоците од телото и личната карта од Рене. Тие веднаш го уапсиле. Следните две години тој ги поминал на психијатар, а благодарение на неговиот богат татко, кој ги ангажирал најдобрите адвокати потоа бил и ослободен.
Судот го прогласил за непресметлив и ги отфрлил тужбите против него. Следните 4 години ги минал во најстрогиот контролиран оддел во една психијатриска болница. Додека бил таму напишал и илустрирал роман, приказна за човек кој силува жена, а потоа ја јаде.
По некое време бил депортиран назад во Јапонија на психијатриска евалуација. И таму утврдиле дека пати од пореметување на личности, но исто така утврдиле дека можел да се појави пред судот и да одговара за злосторот кој го сторил.
Француските власти пак не сакале да се мешаат и Сагава во 1986 година станал слободен човек.
За целото тоа време, Сагава станал славен во Јапонија. Глумел дури и во порно филм во кој исто така јаде жена. Напишал 20 книги и имал неделна колумна во едно јапонско списание. Гостувал во неколку емисии за готвење, а пишувал и рецензии за ресторани и продавал слики.
Тоа не му било прво злосторство. На 23 години претходно исто така се обидел да нападне една девојка. Тој со маска провалил во нејзиниот стан во Токио. За среќа младата девојка која била германка успеала да го совлада.
Сагава и тогаш и признал на полицијата дека сакал да ја силува девојката, но, неговиот богат татко и тогаш ѝ платил на девојката за да ги отфрли обвинувањта против него.