Илона Марита Лоренц е жената која работела како поранешен агент на ЦИА и нејзината задача била да го заведе поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, а потоа и да го убие.
Приказната за тоа како планирала да го убие, таа ексклузивно ја раскажала за „Радар онлајн“ веднаш по неговата смрт. Илона, која починала само три години по Кастро, уште во 1959 година, како 19-годишна девојка, еден месец по Револуцијата, пристигнала во Хавана.
Таа стигнала на Куба со бродот МС Берлин. За животот со Кастро вели дека бил повозбудлив и потурбулентен од голем број филмови полни со романса изненадувања, страсти и порази.
Илона вели дека веднаш му го привлекла вниманието на Кастро и дека тој веднаш ѝ се допаднал.
„Како прво, јас бев многу млада, а Фидел беше висок и убав. Ме привлече веднаш штом го видов. Се бакнавме меѓу двата чамци за спасување. Се заљубив на прв поглед во него“, раскажала Илона, која често патувала на релација Куба – САД.
По неколку телефонски разговори, Кастро ја убедил да се врати на Куба. Таа се преселила во неговиот пентхаус, а недели подоцна останала бремена. Таа откри дека кога била во седмиот месец од бременоста ЦИА се обидела да ја отруе.
Американците сакале да ѝ ја прекинат бременоста, па Илона морала да се врати во Њујорк каде што закрепнала. Агентите ја убедувале дека Кастро бил тој кој се обидел да ја убие и неа и нероденото бебе.
Откако заздравела ја убедиле да се врати кај Кастро и да го отруе со арсен, пренесува „Радар онлајн“.
„Тие сакаа да го елиминираат затоа што тој беше комунист и инфилтриран комунист во САД“, вели Марита, која на почетокот се согласила да го убие, се плашела дека може да ја откријат.
„Се плашев дека можат да ми го најдат отровот во багажникот на аеродромот во Хавана, па морав да ги ставам апчињата со отров во крема“, изјавила Илона, која објаснила дека апчињата се распаднале и дека таа останала без оружје.
Љубовната приказна продолжила кога таа се вратила на Куба во 1981 година. Таму биле заедно со нивниот син Андре, со кој таа се породила, иако некои медиуми пренесуваат дека го изгубила бебето во седмиот месец.