Јуриј Гагарин загина на 34 години, неговата смрт до ден-денес остана голема мистерија

Јуриј Алексеевич Гагарин е советски космонаут кој на 12 април 1961 за првпат во историјата на човештвото полетал во вселената и бил првиот човек кој ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. Тој загинал на 27 март 1968 за време на еден од пробните летови, до ден денес останала голема мистерија.

dobivaj vesti na viber

Смртта на првиот космонаут кој полетал во вселената е една од мистериите кои и сега, речиси по четири децении подоцна, го скокотка вниманието на јавноста. Последните минути од неговиот краток живот, за кој се знае речиси сè, до ден денес остануваат неразјаснети.

Тие последни денови во март 1968. година, како Гагарин да имал страшно предчуство. Неговата сопруга Валентина, која во тоа време била во болница, изјавила дека била изненадена од негоата одлука, во нивниот дом да бидат викнати фото-репортери.

Гагарин претходно ги замолил да направат серија на снимки. Во списанието „Агањок“, биле објавени последните негови фотографии во семејна атмосфера со неговите ќерки и сопруга.

Гагарин исто така и кажал на сопругата дека нема да може, ден пред послениот тренинжен лет, да ја посети во болница. Но, тој сепак дошол и останал со неа целиот ден.

„Како да дојде за да се опрости од мене“, изјавила таа неколку дена подоцна.

Утрото, на 27. март 1968 година, Гагарин наместо со кола, на аеродромот Чкаловски, пристигнал со автобус, заедно со другите космонаути, што било доста невообичаено.

Еден од нив подоцна раскажал како Гагарин си ја заборавил пропусницата и како ги убедувал колегите дека него го знаел целиот свет и дека не му била потребна за да влезе на аеродромот. Кога автобусот тргнал, Гагарин го замолил возачот да застане за да се врати по неа.

За суеверните пилоти, тоа бил лош предзнак.  Кога стигнал на аеродромот, по краткиот медицински преглед и консултациите со пилотот со кој требало да лета Серјогин, Гагарин бил сослушан на рапорт кај дежурниот техничар за состојбата на авионот „Миг-15“.

Гагарин се качил во предната кабина, но Серјогин сè уште не бил таму. Тој се појавил неколку минути подоцна, видно нервозен, откако претходно имал некаков непријатен телефонски разговор. Со кој Серјогин разговарал пред кобниот лет, засега останува мистерија.

Задачата на пилотите била едноставна. Тие требало да извршат лет во круг на висина од околу 4000. метри, во областа на градот Киржач, источно од Москва. Траењето на летот требало да изнесува до 30 минути.

Времето не било компликувано за летање. Два слоја облаци имало на небото, првиот на висина од 700 до 1200 метри, а другиот на 4800 метри. Видливоста под облаците и меѓу двата слоја на облаци изнесувала повеќе од десет километри.

„Миг-15“ со број 625 полетал во 10 часот и 19 минути. Неколку минути авионот летал извршувајќи едноставни менвари. Гагарин јавил дека е подготвен да ја изврши главната задача. Само пет минути подоцна, на изненадување од контролата на летот, Гагарин јавил дека задачата е завршена и дека бара дозвола да го сврти авионот и да се врати на аеродромот.

Според планот, за да се изврши задачата биле потребни дваесет, а не пет минути. Но, знаејќи дека зад Гагарин седи Серјогин, кој бил командант на летачкиот пук и кој без консултации со Контролата можел да го менува планот на тренажниот лет, раководителот на летот, инаку потполковник по чин, не сакал да се буни.

Зошто летот бил скратен за цели 15 минути, останува уште една енигма која, како што се покажало подоцна, комисијата која ја истражувала несреќата не ѝ обрнала посебно внимание.

Во 10 и 30 часот, врската со авионот била изгубена. Контролорите и понатаму се обидеувале да воспостават врска, но одговор од авионот немало. За тоа време, редарите и понатаму го следеле авионот, сè до 10 и 43 часот, кога авионот исчезнал од радарскиот екран.

Тогаш авионот бил оддалечен околу 30 километри од аеродромот. Веднаш биле испратени транспортни авиони и неколку хеликоптери. Тие повеќе од четири часа се обидувале да ги најдат деловите на авионот, но безуспешно.

Во 14 и 50 часот, еден од хеликоптерите успеал да го најде авионот на 64 километри од аеродромот во шумска област, околу три километри оддалечено од населбата Новосело.

Спасувачките екипи веднаш се упатиле на местото на несреќата. Прв стигнал генералот Каманјин.

„Нашиот хеликоптер слета на крајот од шумата, на 800 метри од местото на падот на авионот. Снегот беше длабок повеќе од 1 метар. Тешко се пробивме. Кога стигнавме таму имаше околу 30 луѓе. Авионот паднал во густата шума со брзина од 700 до 800 километри на час. Крилата, трупот, резервоарите и кабината беа распарчени на ситни делови. Многу делови од авионот, падобраните и облеката на пилотите ја видовме на високите гранки на брезите. Најдовме вилица со еден златен и еден сребрен заб. Лекарите кои беа со нас ни кажаа дека му припаѓале на Серјогин. Не најдовме ништо што ни укажуваше дека и Гагарин загинал, но шансите да преживеал беа сè помали и помали. Наскоро беше пронајден планот на летот, за кој се веруваше дека му припаѓа на Гагарин. Тоа беше знак дека и тој е мртов. Брзо падна мрак, па раскопувањето за време на ноќта и без комисијата за несреќи, беше невозможна. Му јавив на Брежњев дека Серјогин загинал и дка смртта на Гагарин е многу веројатна“, изајвил Каманјин.

Делови од телото на Гагарин биле пронајдени следното утро. Еден од космонаутите Леонов, открил пилотска јакна на една од високите брези. Тој подоцна отрил и дел од скалп со парче уво на него. Зад увото имало бемка, за која Леонов вели дека му припаѓала на Гагарин.

Неколку дена претходно, двајцата се шишале, а Гагарин му кажал на берберот да внимава на неговата бемка зад увото, изјавил Леонов.

Во понатамошната претрага биле најдени остаоци од деловите на авионот и неговиот мотор. Основниот дел од предниот дел на авионот и многу други елементи. Веднаш било утврдено дека моторот во моментот на ударот бил цел, со што била елиминирана верзијата дека авионот експлодирал во воздух.

Биле пронајдени рачни часовници на пилотите, но во состојбата во каква што биле пронајдени било невозможно да се одреди кое време тие застанале.

Остатоците од Гагарин и Серјогин на 28. март, биле кремирани во присуство на членовите на семејството и високи офицери на воздухопловството.

Следноот утор на 29. март, урната со пепел била изложена во Красноземјанската сала на Крељ, низ која поминале повеќе од 40.000 луѓе.

 

 

 

 

Scroll to Top