Американскиот рапер Канје Вест, кој, како што тврди дека иако и самиот го прележал коронавирусот, нема намера да се вакцинира. Тој објасни дека во февруари имал Ковид-19 и дека тогаш почувствувал симптоми на тресење.
Вест не сака да се вакцинира по секоја цена и се осврна на некои теории на заговор. Тој вели дека сите оние што сакаат да се вакцинираат и чипираат нема да одат во рајот.
„Сакаат да нè чипираат и да експриментираат со нас, а тоа нема да им помине низ небесната врата. Жал ми е кога велам дека оние, а под тоа мислам на оние што нè вакцинираат и чипираат и кои го имаат ѓаволот во себе, нема да одат во рајот. Мораме да престанеме да правиме работи што го нервираат Господ“, вели Вест.
Раперот вели дека нема шанси да се вакцинира и дека неговата судбина ја остава во рацете на Господ. Тој се осврнал на неколку популарни теории на заговор и објасни дека голем број од децата што се вакцинираат во подоцнежниот живот останале парализирани.
„Многу од децата што се вакцинираат остануваат парализирани и затоа многу сум внимателен кога ќе слушам како некои велат дека коронавирусот ќе го победиме со вакцината. Тоа е знак на заговор“, објасни Вест за „Форбс“ почнувајќи ја својата драматична кампања.
Вест неодамна најави дека ќе се кандидира на следните американски претседателски избори, а за разлика од минатиот пат кога ги изненади многумина со поддршката за Доналд Трамп, тој сега појасни дека по протестите во земјата, повеќе не верува во актуелниот претседател, туку исклучиво само во Господ.