Кина се сврте против својот најпознат милијардер Џек Ма

Пекинг наводно се обидува да го намали технолошкото и финансиско царство на најпознатиот милијардер во земјата Џек Ма. Властите во Кина имаат намера да го преземат поголемиот удел во неговиот бизнис, пишува „Волстрит журнал“.

Неименувани кинески официјални лица и советници, запознати со ситуацијата, тврдат дека кинеските и финансиски регулатори ги реструтуирале оваа недела инвестиционите планови, според кои финансиски и технолошкиот гигант „АНТ груп“, треба да се врати на своите почетоци како провајдер на услуги за плаќање преку интернет, слично како „Пејпл“.

Како што пишува медиумот, регулаторите предводени од Народната банка на Кина тврдат дека „АНТ груп“ мора да формира посебна финансиска холдинг-компанија, која би имала правила слични на оние кои ги имаат банките.

Тоа, според изворите на WJ-а, би им овозможиле на банките и другите државни институции да купат удел во компанијата.

Scroll to Top