Кина смета дека новиот договор меѓу САД и Индија може да биде почеток за трета светска војна

Стравот од отворен конфликт во Азија порасна кога САД и Индија потпишаа нов одбранбен договор за кој аналитичарите тврдат дека е насочен кон Кина. Кинезите сметаат дека новиот договор меѓу САД и Индија би можел да биде почеток за трета светска војна

Според договорот, двете сили договориле да ги делат воените известувачки служби и да ја зголемат соработката на азиско-пацифичкиот регион. Односите меѓу Пекинг, Вашингтон и Њу Делхи нагло се влоши во последните неколку години.

Како резултат на тоа, Индија, која традиционално избегнувала регионални сојузи, им се приближи на САД. Во јуни 20 индиски војници загинаа во конфликтите со кинеските трупи на спорната граница меѓу двете земји.

Договорот го направил американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој го посетил регионот заедно со министерот за одбрана Марк Еспер. Во план е двајцата да посетат уште четири земји. Тој објаснил дека ваквите мисии се прават поради заканите што доаѓаат од Кина.

„Нашите лидери и нашите граѓани со поголема јаснотија гледаат како КПК не е пријател на демократијата, владеењето на законот, транспарентноста, слободата за пловење, основите на слободата“, изјавил Пампео.

КПК се повикува на кинеската Комунистичка партија, која владеела со земјата преку диктатура уште од победата во граѓанската војна во 1949 година.

Индискиот министер за надворешни работи, Субрахманиам Џаишанкар, го опишал нивниот однос со САД како исклучително позитивен.

Договорот го поздрави и Марк Еспер, кој стави јасно до знаење дека целта е да се спречи Кина во нејзините активности во регионот.

„Стоиме рамо до рамо во знак на поддршка со слободата и отворениот Индопацифик за сè, особено сега во моменти кога се чувствува сè поголема агресија и дестабилизирачки активности што ги прави Кина“, изјавил Еспер.

Пекинг остро реагира на новиот договор меѓу САД и Индија обвинувајќи ја Америка за поделба на регионот. Говорејќи за Помпео, Ванг Венбин, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, повика да се престане да се сее омраза меѓу Кина и земјите во регионот.

„Мора да се престане со овие активности, кои ги подриваат регионалниот мир и стабилноста“, изјавил Венбин.

За договорот потпишан во вторникот меѓу САД и Индија, земјите преговарале помалку од една деценија. Но, Њу Делхи претходно не сакал да го потпише поради стравот од антагонизацијата на Кина. Харш Пант, директорот на студијата во New Delhi Observer Research Foundation, изјавил дека Индија сака да создаде сојуз како одговор на сè поголемата асертивност на Кина.

Говорејќи за „Гласот на Америка“, тој изјавил дека Индија била многу внимателна во минатото, но сега зазела категоричен став.

„Во основа, додека Кина ја предизвикува Индија на нејзините граници, Њу Делхи сега е отворен за усогласување на своите приоритети со САД и земјите истомисленици во Индопацификот“, изјавил Пант.

Тој инсистирал да се зацврсти односот кој ќе трае без разлика на тоа кој ќе победи на претседателските избори следната недела.

„Никој не го доведува во прашање тоа зошто овој разговор во моментот се случува во Индија затоа што ова е земја каде што може да се постигне поголем консензус со двата американски претседателски кандидата отколку на кое било друго место“, изјавил тој.

Во Вашингтон има двопартиска поддршка за зајакнување на врските со Индија. Помпео во наредниот период на својата азиска турнеја планира да ги посети Шри Ланка, Малдивите и Индонезија.

 

 

Scroll to Top