Колку траел животот на Лајка во вселената, тајна што се криела со години

By

Уличното куче Лајка се запиша во историјата како првото живо суштество што ја напуштило Земјината атмосфера на пат од кој немало враќање назад. Пред 63 години, на 3 ноември 1957 година, СССР го лансира сателитот со Лајка во него за да ја тестира безбедноста за мисиите што подоцна требало да се направат со човечки екипаж.

„Деветте круга околу Земјата ја направија Лајка прв светски астронаут што бил жртвуван за наредните мисии во вселената да бидат успешни“, изјавил во еден момент рускиот биолог Алилија Котовска, која е горда на својата работа со тренерот на Лајка.

Пред Лајка имало неколку обиди со други кучиња што летале по неколку минути, само за научниците да дојдат до податоци за тоа како тие се снаоѓаат во безгравитациска состојба. Сепак, Лајка беше првото куче што беше испратено во вселената.

За кучињата да се приспособат на капсулата под притисок, која е долга само 80 сантиметри, Котовска ги тренирала животните, така што, како минувало времето, таа ги сместувала во сè помали кафези. Кучињата минувале и тестови под центрифуга, која ја стимулира силата при лансирањето на сателитот, но и бучавата што тој ја создава.

Од сите други кандидати, токму Лајка, тригодишно куче од мешана раса, најдено на улиците во Москва, најдобро се снашла на тестовите.

„Избравме женка затоа што тие не мораат да ги креваат нозете при мокрење и така заземаат помал простор. Избиравме скитник затоа што тие се најснаодливи и не барат премногу“, објаснила Котовска додавајќи дека кучињата морало да бидат и фотогенични.

Освен фотогенични, поради пропагандата, тие добивале и значајни имиња. Името Лајка доаѓа од рускиот збор што значи лаење. Котовска вели дека имала исклучителен нарав, приспособливост и интелигентен љубопитен поглед и додава дека пред мисијата сите членови од тимот дошле да се простат од Лајка.

„Знаевме дека ќе загине за време на летот, во тоа време немаше начин како да ја вратиме назад. Отидов да ја посетам, ја замолив да ни прости и плачев додека ја галев последен пат“, раскажува Котовска. Ден подоцна Лајка тргна на пат од кој немаше назад.

Сателитот „Спутник“ бил лансиран во 5.30 часот според московско време во Казахстан, а на почетокот изгледаше како работите да одат според планот.

„За време на полетувањето, срцето на Лајка чукало забрзано, а дури по три часа, се вратило во нормала. Потоа одеднаш за време на деветтиот круг околу Земјата температурата во капсулата почнала наеднаш да скока и достигнала и до 40 Целзиусови степени.

Тоа настанало поради недоволната изолација од сончевите зраци. Иако постоело надеж дека Лајка ќе остане жива барем десет дена, таа починала поради топлотниот удар и дехидрација по само неколку часа од лансирањето.

Советското радио и покрај тоа продолжило да известува дека таа е жива и дека е во одлична состојба. Лајка станала светски херој.

Според официјалната верзија што Москва долго време ја држела во тајност, Лајка загинала од отровот ставен во храната за да не изгори во моментите при повторното влегување во капсулата во атмосферата.

Самиот „Спутник“ се распаднал во атмосферата на 14 април 1958 година над Антила. Лајка тогаш веќе со месеци била мртва. Вселенското патување на Белка и Стрелка, првите кучиња што се вратиле од вселената на 19 август 1960 година, му го отворил патот на Јуриј Гагарин, кој на 12 април 1961 година станал првиот човек што патувал во вселената.

 

 

Ќе ви се допадне

Cells at Work! (https://crunchyrollfree.com/m/R2Jr) Episode Full at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll app free

Cells at Work!! (https://animefreak.ws/m/yj7X) Episode 2 at website https://animefreak.ws. See more animefreak latest