Конечно откриена вистината за чудовиштето од Лох Нес

Нема човек на планетата кој сеуште нема слушнато за една од најголемите светски мистерии, чудовиштето од шкотското езеро Лох Нес.

Илјадници истражувачи и авантуристи се обиделе безусешно да го снимат мистериозното Неси чудовиште, а мидот за истото се пренесува од генерација до генерација.

Но, Боб Стјуарт, пратеник во британскиот парламент, вели дека оваа приказна за чудовиштето е измислотина и дека има докази за тоа.

Неговиот вујко на смртна постела, наводно му открил тајна, дека пред 85 години била измислена приказната за необичното чудовиште од Лох Нес.

А причината е речиси неверојатна. Во 1933 година тој доцнел во школо и смислил оригинално оправдување. На наставникот му рекол дека видел чудовиште во езерото. Наставникот ги известил локалните весници и така е роден митот.

Веќе утредента „Invernes Kurier“, објавил сензационален текст, а уредникот на весникот го избрал изразот „чудовиште“.

Медиумската патка повеќе никој не можел да ја спречи. Лондонските весници испратиле новинари во Шкотска, а наскоро била понудена и награда од 20.000 фунти за ловење на монструмот.

Scroll to Top