Коронавирусот мутирал откако почнал да се шири на крајот на минатата година низ целиот свет, сметаат научниците. Варијантата позната како Г, сега е доминантна во Америка и светот, пишува српски Курир. Како што се чини, оваа мутација не е опасна по здравјето на луѓето.
Сепак, се чини дека сè поголем број на научници се грижат дека вирусот станал позаразителен. По што вирусот Г, се разликува од оригиналниот и зошто би можел да стане потенцијално опасен.
Кога во јануари се појавиле првите случаи на коронавирус во Чикаго, тие носеле исти генетски знаци како оние кои се појавиле во Кина една недела претходно. Сепак, Егон Озер, специјалист за заразни болести од „Нортвестерн“ Универзитетот, додека ја испитувал генетската структура на примероците од вирусот, собрани од локални пациенти, забележал нешто друго.
Промените во вирусот се појавувале повторно и повторно. Оваа мутација е поврзана со епидемијата во Европа и Њујорк, која на крајот го зарази целиот град. До крајот на мај, откриени се 95% од сите гени кои ги секвенционирал Озер.
На прв поглед мутацијата изгледала тривијално. Околу 1300 аминокиселини служат како градивен блок на протеинот на површината на вирусот. Во мутираниот вирус, генетските упатства за само еден од тие аминокиселини со број 614, преминале во Д (скратеница за аспарагинска киселина) и Г (скратено за глицин).
Ониа што било значително е локацијата на промените, затоа што преминувањето се случило во делот на гените кои кодираат екстремно важни шилести протеини. Структурата му дава на коронавирусот изглед на круна и му овозможува да продре во човечките клетки.
„Шилетиот протеин“ се врзува за рецепторот на респираторните клетки, наречен ACE2, кој ја отвора клетката и му овозможува на вирусот да влезе внатре. Колку е поефикасен „пошилест“ вирусот полесно продира во телото на својот домаќин.
Дури и кога оригиналната варијанта на вирусот се појавила во Вухан, тоа било очигледно дека „шилестиот“ протеин на SARS-CoV-2 веќе е прилично ефикасен.
„Шилестиот“ протеин на коронавирусот оригинално има два дела кои не секогаш се добро поврзани. Во верзијата која настанала во Кина, надворешниот дел, кој вирусот треба да го прикачи за човечкиот рецептор, често се прекинувал. Тешко му било да продре во телото на домаќинот.
Научниците стравуваат дека со мутацијата во Г варијантата, ваквиот недостаток е отстранет. Од околу 50.000 гена на новиот вирус кои истражувачите од целиот свет го поставиле во заедничката база на податоци, околу 70% ја носат оваа мутација, официјално означена како D614G, но во научните гругови наречена Г.
Г вирусот не е доминантен само во Чикаго, туку го има во целиот свет. Сега научниците се тркаат да сватат што тоа значи. Најмалку четири лабораториски експерименти сугерираат дека мутацијата на вирусот се чини заразна.
Иако ниту еден од овие трудови досега сеуште не е прегледан. Дрогата необјавена студија која ја предводеле научниците од Националната лабораторија „Лос Аламос“, тврди дека пациентите со Г варијантата всушност имаат поголема количина на вирус во своите тела.
Поради тоа имаат далеку поголеми шанси да го пренесат на другите луѓе. Засега се чини дека мутацијата не ги прави луѓето поболни, но ги прави позаразени.
„Епидемиолошката студија и нашите податоци објаснуваат зошто ширењето на Г варијантата во Европа и Америка се одвивала со неверојатна брзина. Тоа не е случајност“, изјавил Хјерјун Чо, виролог од Scripps Research-a и водечки автор на сеуште необјавената студија за заразноста на Г варијантата во лабораториски услови.
Може да постојат и други објаснувања за доминацијата на Г варијантата, места на кои се собрани генетски податоци или тајминг кој на мутираниот вирус му овозможил рано засолниште во подложната популација.
„Суштината е дека сеуште не знаеме ништо дефинитивно“, изјавил Џереми Лубан, виролог од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Масачусетс.
Трката за разоткривање на оваа мутациска мистерија на вистински начин ги отсликува размерите на научните предизвици за време на пандемијата на коронавирусот. Со милиони заразени луѓе и илјадниците кои секојдневно умираат низ светот, научниците мораат да воспостават рамнотежа меѓу брзината на изнесувањето на информациите и осигурување дека тоа што е излезено во јавноста е точно.
Земјите кои најсилно ќе бидат погодени од вториот бран од коронавирусот