Земјите кои најсилно ќе бидат погодени од вториот бран од коронавирусот

Во Европа, земјите како што се Велика Британија, Италија, Шпанија и Франција, кои имзле голем број на заразени и починати во првиот брам, се чини дека го поминаа врвот на пандемијата со коронавирусот, но ризикот од втор бран, кој ќе предизвика повторно воведување на карантин, според европската агенција за инфективни болести е на умерено до високо ниво, пишува српски Курир.
Од Ковид-19 досега се заразени повеќе од 11 милиони луѓе ширум светот, а уште повеќе од нив се во карантин. Голем број од здравствените системи се под голем притисок, а земјите кои ги ублажија или укинаа првичните рестрикции, се соочуваат со вториот пик од првиот бран, или втор бран на коронавирус, по скокот на бројот на заболени од опасниот вирус.
Како што голем дел од земјите ги ублажуваат рестрикциите, се јавува бојазан дека Европа би можела да доживее втор пик на инфекцијата. Бројот на нови случаи во Португалија повторно полека расте, откако земјата успешно го намали бројот на заразени во април и мај.
Во Австрија, во последните 24 часа, повторно е регистриран троцифрен број на новозаразени со коронавирус. 109 има вкупно заразени во оваа земја во последното деноноќие, а 787 се активно заразени со Ковид-19.
Во Русија регистрирани се 6718 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигнал 667.883 заразени. Русија размислува за отворање на границите со некои земји, кои поради пандемијата со коронавирусот беа затворени, но сеуште нема конкретни одлуки по тоа прашање.
Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Германија е пораснат за 446, односно на 195.674 заразени лица, соопштиле од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.
Германската канцеларка Ангела Меркел во јавност почна да носи маска, откако се најде на мета на критики затоа што не ја носи и покрај владините препораки за сузбивање на коронавирусот.
Бројот на нови случаи на коронавирус во Токио втор ден по ред, го надмина бројот 100, што предизвика загриженост кај тамошните власти.
Како што јавуваат локалните медиуми, бројот на нови случаи денес изнесува 124, што е најголем дневен пораст откако на крајот на мај беше укината вонредната состојба, која поради пандемијата на коронавирусот беше воведена во целата земја.
Стравот од нов бран порасна и во Иран, каде повторно е зголемен бројот на починати лица од опасниот вирус. Од попуштањето на рестрикциите кон крајот на мај, во Израел повторно е забележан пораст на нови случаи.
Во Мексико, во текот на последните 24 часа, забележани се 6741 новозаболени лица, што претставува рекорден број на нови случаи во еден ден во таа земја. Според податоците на Министерството за здравство, вкупно се заболени речиси 240.000 луѓе.
Во Оман регистрирани се уште 1361 нов случај на коронавирус, а министерот за здравство на таа земја, предупредува дека доаѓа до застрашувачки пораст на бројот на заболени и дека здравствениот систем е под голем притисок.
Бројот на заболени од коронавирус во Бразил продолжува да расте, а во последните 24 часа, регистрирани се 48.105 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачил на 1.496.858 лица.
САД бележи рекорден број на нови случаи од претходните денови, а главниот инфектолог, Ентони Фаучи, вели дека ситуацијата во моментот не е под контрола. Досега регистрирани се повеќе од 2,7 милиони случаи и речиси 130.000 починати.
Универзитетот во Вашингтон предвидува дека бројот на жртви до октомври, може да биде и 175.000, но може да биде и намален на 150.000, ако 95% од Американците носат маски, пренесува „Би-би-си“.
Околу половина од сите нови случаи доаѓаат од Аризона, Калифорнија, Флорида и Тексас, а во 40 од 50 сојузни држави, забележан е пораст на инфицирани.
Овие земји се откажаа или ги ревидираа плановите за повторно отворање, а во многумина од нив, носењето на заштитни маски е задолжително.
Порастот на бројот на заболени е забележан и во земјите од регионот во кој се ублажени рестрикциите и се отворени границите.
Во последните 4 часа, во Црна Гора, евидентирани се 47 нвоозаразени со коронавирус, од 475 анализирани примероци.
Во Хрватска регистрирани се 96 новозаразени, па бројот на активни случаи денес изнесува 728 лица, соопштија од Националниот штаб за цивилна заштита.
Во последните 24 часа, во Македонија, потврдени се 165 нови случаи на коронавирус, а починати се уште седум лица, соопштил министерот за здравје Венко Филипче.
Во Словеија, која прва прогласи крај на епидемијата, повторно е во пораст бројот на новозаразени, а повеќето случаи се увезени. Носењето на маски во затворен простор во Словенија е задолжително.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top