Лекар открива детали од планот на елитата за истребување на човештвото

By

Луѓето не се свесни за опасноста од плановите на моќната елита што го крои светот по сопствена волја.

Она што луѓето не го знаат е фактот дека сатаната најмногу од сè го мрази човекот затоа што раѓањето на човекот, божјото суштество, е најсветиот дар од Бога. Милиони луѓе, фатени во мрежата на лаги, целосно се несвесни дека сè што гледаат е создадено во умовите од страна на духовно болните луѓе кои во целост се предадени на злото.

Во далечната 1969 година мала, но исклучително силна елита, присуствувала на предавањето на доктор Ричард Деј. Кругот бил од затворен тип и содржината на предавањето никогаш не смеела да исплива во јавност. Но, со појавата на интернетот ретко што може да биде сокриено, па содржината на овој состанок се појави со наслов „Новиот светски поредок на варварите“.

Имено, доктор Ричард Деј бил угледен педијатар и експерт за вештачко оплодување и до 1968 година бил директор на „Planet Parenthood“. Оваа организација била наменета за планирање семејства и била финансирана од фондацијата на семејството Рокфелер. Клиниката имала широка поддршка од Обединетите нации во смисла на поддршка на абортусот, вештачкото оплодување и стерилизација на луѓето во светот преку вакцинацијата.

Еден инсајдер на тоа предавање, доктор Ловренс Дунеган, во текот на дваесеттите години собрал храброст да објави дел од рефератите на доктор Ричард. Го направил тоа затоа што дури по 20 години ги сфатил во целост зборовите на доктор Деј.

„Доктор Деј ни рече дека ќе нè извести за големите промени што ќе се случат во следните 30 години“, ја почнува приказната доктор Дунеган.

Доктор Деј на предавањето повторувал дека луѓето се наивни и никогаш не ги поставуваат вистинските прашања. Зборот наивни често го заменувал со зборот глупави.

Вистинската цел на елитата била создавање систем за апсолутна контрола на човештвото. Тоа што елитата најмногу ја загрижувало е сексуалниот нагон, односно раѓањето. Бидејќи не постојат начини тој нагон да се искорени, смислиле пеколен план:

„Апсолутна сексуализација, од градинка па сè до старски дом. Сексот треба да биде нешто како спорт, секаде и во секое време, лесно достапен, хибриден, но секогаш со помисла за заштита. Заштита преку кондоми, апчиња.

Во психата на малите деца треба да се всади: секс и заштита. Сексот без деца треба да стане опсесија. За оние што сакаат деца ќе постои лабораторија која ќе создава совршени деца. За да се зацврсти ставот за секс со заштита, ќе се појават некои чудни неизлечиви болести што ќе шират страв од незаштитен секс“, изјави доктор Деј.

Подоцна, кога се појавиле сидата и другите болести, доктор Дунеган се сетил дека со цел сексуализација на населението ќе се појави слобода за сите настрани работи:

„Сите ќе имаат јавно право на љубов: хомосексуалците, педофилите, некрофилите, зоофилите, умно хендикепираните, децата – сите.

Жените ќе работат прекувремено, како и мажите, многу ќе патуваат, ќе бидат надвор од своите домови, децата ќе бидат во целодневни градинки, со режирана програма, која ќе биде достапна за сите. Плачењето ќе го има сè помалку, а несигурноста сè повеќе. Сè повеќе ќе се раѓаат болни деца, луѓето ќе се плашат да создаваат семејства.

Кој би сакал да има деца во такви услови? Редукцијата на населението ќе се спроведе низ овие мерки: заштитата, абортусите, апчињата што се наменети за ден по сексот, поддржувањето на хомосексуалноста и појавата на нови полови болести.

„Некои луѓе предолго живеат или немаат доволно квалитетен живот. Со помош на смртоносните апчиња и адекватен болнички систем тој проблем ќе биде решлив. Секој има право на одреден век“, изјави доктор Деј.

„Но, некои луѓе живеат предолго и не се повеќе од корист. Стануваат товар за младите луѓе. Ќе ги принудиме да се грижат за своите родители, но да им го скратат животот. Опуштено, весело со благодарност што добро ја извршиле својата задача, едноставно ќе организираат проштална забава сите заедно и ќе им го дадат последното апче. Евтаназијата ќе биде секојдневна работа како сексот или појадокот“, вели тој.

„Лекот за рак веќе одамна го имаме“, продолжи тој.

„Сето тоа е добро скриено во нашите институти (мисли на институтот на Рокфелер). Замислете како ќе изгледа планетата ако се открие вистината. Ракот е извонредна работа. Ја забавува пренаселеноста!“

Докторот изјави дека елитата има совршен план за истребување на човештвото и дека главната цел е создавање нов свет во кој елитата ќе владее, а оние малку луѓе што ќе преживеат, ќе бидат новите робови.

„Тоа е судбината што елитата планира да ја спроведе“, вели доктор Дунеген, кој објасни дека исклучително е важно овие информации да стигнат до што поголем број луѓе затоа што во спротивно елитата, без многу отпор, ќе успее да го заврши она што го наумила.

 

 

Ќе ви се допадне