Лекарот го фалсификувал потписот на Марадона, го чека робија

By

Полиграфскиот тест кој го нарачале обвинителите во истрагата за смртта на Диего Армандо Марадона, потврдил дека некогашниот негов лекар, Леополдо Луке, го фалсификувал неговиот потпис.

Легендарниот Марадона, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, почина на 25. ноември на 60. годишна возраст, по добиениот срцев удар во неговиот дом. Во меѓувреме, беше започната истрага што стои зад неговата смрт.

И понатаму се работи на расчистување на случајот, а во меѓувреме е откриено дека Луке, кој го лечел Марадона, го фалсификувал неговиот потпис и со тоа директно влијаел на тоа да прославениот фудбалер почине.

Луке потписот го фалсификувал за да добие пристап до историјата на болести на Марадона, од клиниката „Олвиос“, на 1. септември минатата година, неполни три месеци пред смртта на фудбалерот. До медицинските картони во Аргентина, имаат пристап само пациентите и можат да го побараат само преку потпишан документ.

Доказите потврдиле дека потписот за барањето на досието на Марадона е лажно и дека Луке би можел да биде обвинет за кривично дело, злоупотреба на фалсификуван приватен документ.

Мислење дале и експерти од Одделението од стручниот совет Сан Исидро, а нивните конечни одговори биле доставени во последните часови на тимот обвинители кои ги истражуваат околностите во кои светската фудбалска ѕвезда почина на 25. ноември.

„Секој кој ќе изготви лажен документ, целосно или делумно, со кој би можел да наштети, ќе се казни со затвор од една до шест години, ако е јавен инструмент и со затвор од шест месеци до две години ако е приватен инструмент“, се посочува во првиот став на законот.

Еден од обвинителите откил дека доколку споменатиот потпис не е потписот на Диего Марадона, тогаш истиот се припишува на лекарот Луке, кој ќе може да побара повторно проверка.

Иако во Аргентина, казните пократки од две години, се потенцијални ослободителни пресуди, лекарот на Марадона сепак на крајот би можел да заврши во затвор.

 

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV anime online: Watch Spirit Chronicles Episode Preview (https://animetv.cc/m/NLD9/ep-1)

AnimeDao nisekoi animedao: Watch Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode 2 (https://animedao.nl/m/XWk9/ep-2)