Марадона пред смртта, испил коктел на лекови

Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, испил коктел со лекови пред да почине, пренесуваат светските медиуми. Марадона почина пред точно една недела, а неговата смрт предизвика шок кај голем број негови фанови.

Според најновите информации кои доаѓаат од Аргентина, 60 годишниот Марадона, непосредно пред смртта земал коктел со лекови, кои наводнно му наштетиле на работата на неговото срце, кое набрзо потоа откажало.

Како што тврдат тамошните медиуми, сето ова било наведено во неговиот медицински картон. Во споменатиот коктел имало антидепресиви, антипсихотици, кои се користат за лечење на биполарно пореметување.

Медиумите пренесуваат дека на Марадона му била откриена и проширена кардиомиопатија, здравствена состојба во која срцевиот мускул слабее и не може да испумпа доволно крв за остатокот од телото.

За сето ова зборувал и тамошниот главен невролог.

„Мора да се испита колку лекови тој му дал и кои биле критериумите за Марадона ги зема истите. Исто така се испитува и дали Марадона ги земал истовремено или не. Имало доста мешавини на антидепресиви и антипсихотици, што имале големо влијание на срцето, особено на срцевата фреквенција“, изјавил тој.

Scroll to Top