Маск вградил чип во главата на мајмун, кој му овозможува да игра видеоигри со умот

Милијардерот и основач на компанијата „Тесла“, Илон Маск, вградил чип во главата на мајмун. Чипот му овозможува на мајмунот да игра видеоигри. Мозокот на животното е поврзан со жици, а Маск за мајмунот вели дека е среќен додека игра.

Маск поддржува голем број футуристички проекти. Еден од нив е и неврокомпјутерски интерфејс. Маск вели дека набргу ќе објави и видеоснимки со приклучени мајмуни.

„Имаме мајмун со безжичен имплант во черепот, па преку ситни жици може да игра видеоигри со својот ум. Не можете да видите каде е имплантот, но тој е среќен мајмун“, изјавил Маск.

Целта на оваа негова мозочна технологија е третирање мозочни и ‘рбетни повреди и враќање на изгубените можности кај луѓето преку вграден чип.

Scroll to Top