Масоните ја сокриле вистината за потонувањето на „Титаник“

Новите докази за потонувањето на „Титаник’ во 1912 година покажале дека на истрагата за оваа трагедија веројатно влијаеле масоните.

Тајната архива во која се наоѓаат имињата на два милиони масони за првпат јавно е објавена на страницата Ancestry и истата открива во колкава мера масоните биле вклучени во контроверзната британска истрага за најголемата катастрофа во минатиот век.

Архивата потврдува дека освен судијата што ја надгледувал британската истрага за катастрофата, како и главните истражители, масони биле и тие кои ја избегнале цензурата. Додека истрагата на американскиот Сенат покажала дека виновен за несреќата бил британскиот трговски одбор поради лабавите правила, па на бродот имало мал број спасувачки бродови, британската истрага, која ја предводел Лорд Мејси, не го обвинила одборот.

Али Мејс, со вистинско име Џон Чарлс Бигам, бил, како што сега се дознава, масон кој пристапил на лондонската ложа во 1881 година. Нив им припаѓал и претседателот на одборот, Сидни Бакстон, кој станал член истата година во источен Лондон.

 

 

 

Scroll to Top