Меланија пониска од Трамп, заговорниците убедени дека првата дама има двојник

Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантирал пишувањата дека со него во Алабама била двојничка на неговата сопруга Меланија. Претседателот тврдел дека фотографиите од неговата сопруга која на фотографиите изгледала пониска од него, биле изменети за да изгледа дека со него била двојничка на првата дама.

Трамп и Меланија минатата недела беа во посета на Алабама кај семејствата чии домови настрадаа од торнадо. Трамп за ТВ емисијата „Фокс и пријатели“ објасни дека се во прашање ширење на лажни вести, што се однесува до случајот со двојничката на неговата сопруга.

Трамп објасни дека станува збор за фотошопирани фотографии и дека авторите на лажните вести, со време ќе станат се повеќе и повеќе понападливи.

Scroll to Top