Истражувачите на НАСА и научниците од Институтот на Хаваи за геофизика и планетарна наука за првпат забележале ‘рѓа на Месечината. Тие сметаат дека проблемот е во планетата Земја.
Невозможно да се создаде рѓа на Месечината, затоа што во вселената нема кислород и вода, објаснуваат тие. Иако Месечината е богата со карпи со железо, рѓата може да се создаде единствено ако железото е изложено на кислород и вода.
Од НАСА велат дека рѓата се јавува кога кислородот ги отстранува електроните од железо, а водородот го прави токму спротивното. Затоа, во областите богати со водород, тешко се формира рѓа, велат тие.
„Тоа е многу збунувачки за нас“, изјавил Шуаи Ли од Универзитетот на Хаваи, главниот автор на студијата објавена во списанието Science Advances.
Тој објаснува дека Месечината е ужасна средина за создавање хематит.
По повеќемесечни истражувања, Ли со неговите соработници тврди дека ја решил мистеријата, а како главен виновник за ‘рѓата ја посочил Земјата. Првото објаснува е дека рѓата е концентрирана само на страната на Месечината, свртена кон Земјата.
Тоа укажува дека појавата на некој начин е поврзана со нашата планета. Земјата е опкружена со магнетно поле, а соларниот ветер го растегнува и создава долга магнетна опашка во правец на ветерот.
Ли смета дека кислородот од Земјата, со помош на тој магнетен опаш, стигнува до Месечината и таму доаѓа во допир со водените молекули и се создава рѓата.
Магнетната опашка истовремено, за време на полната Месечината, го блокира соланиот систем, што значи дека Месечината привремено е заштитена од удар на водород од Сонцето. На тој начин е отворен временски простор за создавање на рѓата.
Но, ваквата терија има неколку недостатоци. На пример мал дел од рѓата е откриен на темната страна на Месечината, каде кислородот од Земјата тешко може да дојде, а нејасна е и интеракцијата на молекулите на водата и карпите на Месечината.