Милијардери кои станаа најголеми профитери од пандемијата со коронавирусот

By

Додека некои од луѓето во светот крпат крај со крај, други стануваат сè побогати. Додека некоја бранша е во голема криза, други оддеднаш стануваат многу побарувани.

Џеф Безос, Илон Маск се двајцата кои извлекоа голам ќар од оваа криза. Основачот на „Амазон“, Безос е надвор од секоја конкуренција. Неговата компанија за пандемијата дава одлични резулати, подобри од било кога претходно. Цената на акциите има достигнато рекорден број.

Безос беше најбогатиот човек на светот и пред пандемијата, а сега стана уште помоќен со 160 милијарди евра.

Илон Маск исто така се наоѓа на врвот на оваа листа. Неговата компанија „Тесла“ создава автомобили, но исто така се вреднува како технолошка компанија. Таа профитираше од пролетта, кога пандемијата на берзата предизвика голема побарувачка, на сè што е поврзано со технологија.

Маск кој е роден во Јужна Африка, неодамна го претрка Бил Гејтс и неговото богатство се проценува на 110 милијарди евра. Тој сега се движи кон врвот каде е Безос.

Работата од дома во време на пандемијата е голем благослов и за Ерик Јуан, основачот на платформата за комуникација Zoom. Тој пристигнал во САД од Кина, кога имал 27 години. По неколку години за WebEx, основал сопствена видеоплатформа и во 2019 година замина на берзата. Цената на акциите на Zoom експлодирала. Неговата нето вредност се проценува на 16 милијарди евра.

Затворените вежбални и ограничените контакти, му одеа во корист на Џон Фоли. Во 2013 година, тој бил почетник и се обидувал да дојде до капитал за неговите вмрежени справи за вежбање. Цената на акциите на неговата фирма Peloton, од почетокот на пандемијата тројно се зголемиле.

Денес овој 50 годишен претприемач е милијардер.

Shopify е софтвер кој им овозможува на трговците самите да креираат интернет продавници и да се поврзат со фирмите кои се занимаваат со логистика. Тобиас Лутке стои зад овој концепт. Роден во Германија, Лутке во 2002 година, емигрирал во Канада каде почнал да работи во гаража.

Неговата компанија, денес е една од највредните во Канада. Цената на акциите од март се имаат удвоено, а богатството на овој 39 годишен претприемач, се проценува на 7,5 милијарди евра.

Вакцината против корона, која ја разви BioNTech од Мајнц, фирма чиј основач и сопственик е Угур Сахин, е првата во Европа, која доби одобрение за масовна употреба. Тоа значи дека Сахин, кој се доселил од Турција, не само што оддеднаш стана светски познат, туку и исклучително се збогатил.

Вредноста на неговите акции се проценува на преку две милијарди евра.

HelloFresh е фирма која ви предложува што да зготвите и ви го достава пакетот со сите состојки. Од почетокот на пандемијата, профитот на оваа компанија е удвоен, продажбата е двојно зголема, според тримесечниот биланс од почетокот на ноември.

Коосновачот и акционер во истата, Доминик Рихтер, протифира од затворените ресторани и тренд на готвење од дома. Сè уште не е милијардер, но веќе ги има вистинските состојки за тоа.

Пандемијата не го направи само Безос побогат за неколку милиони, туку и неговата сега веќе поранешна сопруга Мекензи Скот. Таа благодарение на пандемијата исто така добро зарабти, благодарејќи на нејзниот пакет акции во компанијата „Амазон“.

Сега таа е на првото место на листата на најбогати жени на светот, со богатство, кое се проценува на речиси 60 милијарди евра.

 

 

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven free anime: Hunter x Hunter (Dub) (https://animeheaven.pro/m/WeWq) Episode 148

KissAnime kissanime reddit: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 12