Мира Марковиќ имала тајни состаноци со Зоран Ѓинѓиќ, на кои зборувале за испорачувањето на Милошевиќ во Хаг

Поранешниот министер и шеф на пратеничката група на СПС во српскиот парламент, Бранислав Ивковиќ, рече дека Зоран Ѓинѓиќ и Мира Марковиќ во деведесеттите години имале тајни состаноци во станови во Врачар, на кои се зборувало за испорачувањето на Милошевиќ во Хаг.

„Тие се гледаа повеќе од педесет пати. Ќе влезеа во различни згради, а потоа Ѓинѓиќ ќе дојдеше во станот на Мира преку рамниот покрив од зградата. Така и двајцата беа сигурни дека никој нема да види како влегуваат во ист влез и дека се состануваат“, рече Ивковиќ.

Ивковиќ беше близок човек на Милошевиќ и тој беше со поранешниот претседател во моментите кога беше уапсен. До ден-денес верува дека одлуката за испорачување на Милошевиќ формално ја донел Ѓинѓиќ, но дека таа била напишана во Вашингтон.

Ивковиќ вели дека Ѓинѓиќ сакал да го спречи заминувањето на Милошевиќ во Хаг, а му предложил и да се скрие за да не може да го најдат, но Милошевиќ не се согласил.

На прашањето на новинарите дали верува дека Ѓинѓиќ бил искрен во намерата да го спаси Милошевиќ од Хаг, Ивковиќ рече: „Апсолутно. Неколлкупати се состануваа поради Милошевиќ. Тој не сакаше поранешниот претседател да го испрати во Хаг. Искрено му беше жал што Милошевиќ не ја прифати понудата да се тргне настрана. Притисоците кон Србија беа огромни. Русија и Кина тогаш не беа она што се денес. Немавме од кого да очекуваме поддршка. Но, за среќа, Србија денес е во многу подобра позиција. И Кина и Русија ни даваат поддршка, додека истовремено градиме и ги подобруваме односите со Америка и Западот“, рече Ивковиќ.

 

Scroll to Top