НАСА лансира телескоп во потрага по вонземјани

Американската вселенска агенција (НАСА) лансирала во вселената супер телескоп наменет за барање планети со големина слични на Земјата и на кои би можел да постои живот.

Телескопот наречен TESS по англиската скратеница за транзитен сателит за надгледување егзопланети, е лансиран во вселената со ракетата Falkon 9, направена од страна на американската компанија „Спејс икс“ од „Кејп Канаверал“ на Флорида.

Животот во вселената

Тој ќе го прегледа небото во наредните две години почнувајќи првин од најблиските и најсветли ѕвезди во настојување да пронајде и идентификува планети околу нив.

Ќе бидат разгледани стотина илјади ѕвезди, а се очекува дека илјадници егзопланети, планети што се надвор од нашиот соларен систем, ќе бидат откриени веднаш во близина околу нас. Се верува дека ќе бидат пронајдени разни планети, карпи и ледени планети, жешки џиновски планети и можеби водни светови, а можно е да бидат откриени и планети со големина на Земјата и Нептун или дури и некоја планета близнак на Земјата.

„Небото ќе стане поубаво, ќе стане фантастично кога би знаеле дека постојат планети што кружат околу ѕвездите што светкаат во вечерните часови.

Водата дава живот

Тој изјавил дека откритијата на сателитскиот телескоп TESS и другите мисии на НАСА ќе му дадат одговор на човештвото на прашањето што се поставува илјадници години. Дали постои живот надвор од Земјата и доколку постои, дали е во облик на микроби или е понапреден? Овој телескоп сам нема да бара живот, ниту за тоа е конципиран. Тој ќе бара планети што се во орбитата на некоја ѕвезда, каде што температурите не се ни повеќе ни помалку, туку се идеални за вода, кои даваат живот.

Што е ТЕСSS?

НАСЛЕДНИК НА „КЕПЛЕР“

Тие планети за кои се чини дека најмногу ветуваат ќе бидат поблиску разгледани и во некои други мисии. TESS е наследниот на вселенскиот телескоп „Кеплер“, кој сега е на крајот од својата работа по откривањето неколку илјадници егзопланети во последните девет години.

 

Scroll to Top