Неколку научници од НАСА тврдат дека постои паралелен универзум, каде што правилата на физиката се спротивни на нашите, а велат и дека имаат доказ за тоа.
Тие направиле експеримент за откривање космички зраци, со кој нашле честички што би можеле да бидат од паралелен универзум, исто така роден во времето на големата експлозија (Биг бенг). Експертите, во експериментот, што го спровеле на Антарктикот, користеле голем балон за носење на антарктичката импулсивна антена на НАСА или АНИТА високо над Антарктикот, каде што немало радиоврева за да ги попречи нејзините откритија.
Во текот на експериментот ветер со високоенергетски честички постојано доаѓал на Земјата од вселената. Високоенергетските честички може да се откријат само како се спуштаат од вселената, но АНИТА открила потешки честички таканаречени тау неутрини, кои одат нагоре од Земјата.
Откритието подразбира дека овие честички, всушност, патуваат наназад во времето, што укажува на доказ за паралелен универзум. Но, не ја прифатија сите оваа хипотеза.
„Наједноставното објаснување за феноменот е дека во моментот на Биг бенг пред 13,8 милијарди години биле формирани два универзума – еден наш и еден чие време од наша перспектива оди наназад. Доколку постојат жители на овој можен паралелен универзум, тие ќе сметаат дека времето на нашиот универзум е тоа што се движи наназад“, стои во извештајот.