Во последните неколку години американската вселенска агенција НАСА, загубила 74 научници. Некои од нив животите ги загубиле случајно, а некои наводно направиле самоубиство.
Алберто Бехар е еден од научниците кои животот го изгубил во авионска несреќа во 2015 година во Лос Анџелес. Бехар бил водечки научник кој открил докази за присутност на вода на Марс. Бил експерт за роботика кој истражувал како роботите функционираат под вода или во самиот вулкан.
Исто меѓу теоретичарите на заговор се споменува и името на Мелиса Кетунути, која била лекар истражувач и барател на лекот за рак. Таа била пронајдена запалена жива во својот дом. Причината за нејзината смрт била резултат на самоубиство, е наведено во истрагата.
Глен Томас и Јер Ланг заедно биле на летот MH17, кој бил соборен над источниот дел на Украина во 2014 година. Томас и Ланг се подготвувале за говор на тема за болестите ебола и сида, но загинале пред да стигнат на конференцијата.
Меѓу загинатите била и доктор Ен Саревски (53) која бил светски експерт за пронаоѓање на лекот за рак на матката, а дел од заговорниците сметаат дека таа успеала да ја открие вакцината против рак на грлото на матката.
Од сите пронајдени мртви научници, најконтроверзен трагичен настан била несреќата на инженерот по електроника Шејн Труман Тод, кој загинал во 2012 година. Неговото тело било најдено во мртовечница во Сингапур.
Во тој период Тод работел во Кина на развивање на посебен уред за кој се говорело дека претставува одбрамбено оружје. Неговото семејство подоцна изјавило дека Тод бил загрижен за својот живот, затоа што со својата работа наводно ја загрозувал американската национална безбедност.
Последниот ден на работа во Кина Тод бил пронајден мртов. Неговото семејство побарало одговори и покренало кампања за да ја открие вистината. Но, иако кинеските официјални лица ветувале дека ќе испитаат дали станува збор за убиство или самоубиство, никогаш досега не добиле никаков одговор.
Ова се само мал дел од листата со имиња на 74 научници на НАСА, кој загинале на мистериозен начин. Сите од листата биле научници кои откриле или биле на пат да откријат големи достигнувања.
Голем број на теоретичари на заговор се прашуваат дали нивната загуба била случајна, или е поврзана со нешто што тие го знаеле, па морало да се изнајде некаков начин да бидат замолчени. Некои од заговорниците сметаат дека луѓето знаеле нешто значајно, што американската влада не сакала да се открие.