Научници откриле нов мозок во човечкото тело

By

Австралиски научници од универзитетот Флиндерс тврдат дека пронашле нов мозок во човечкото тело. Тие заклучиле дека во човечкото тело постои друг мозок кој работи независно од централниот нервен систем и се наоѓа во цревата.

Новооткриениот мозок е наречен ентерален (цревен) нервен систем. Се состои од неколку милиони неврони кои ја регулираат работата на гастроинтестиналниот тракт. Во исто време цревниот мозок функционира независно од централниот нервен систем и од ‘рбетниот мозок.

Овој цревен мозок, според експертите, најверојатно се појавил прв во развојот на телото. Научниците утврдиле дека цревниот нервен систем вклучува возбудливи и инхибиторни неврони, кои предизвикуваат контракција на мускулите на цревата.

Ќе ви се допадне