Научници тврдат дека примиле 36 сигнали од разни вонземски цивилизации

Светски научници тврдат дека примиле 36 сигнали од различни вонземски цивилизации. Тие велат дека можно е на Млечниот Пат да постојат 36 цивилизации кои активно емитуваат радиосигнали во вселената, пренесува српски „Курир“.

Станува збор за британски астрофизичари, кои се убедени дека постои живот надвор од нашата планета. Иако не постојат директни докази за постоењето на интелигентни вознемски облици на живот, научниците сметаат дека тие постојат.

Под претпоставка дека, како што и на Земјата за развој на интелегентен облик на живот ѝ биле потребни околу пет милијарди години, приближно толкав период би им требал и на другите планети. Оттука, тие сметаат дека  во нашата галаксија има активни цивилизации.

Нивниот број би бил околу десетина, велат британските астрофизичари. Тие дошле до набљудувачката еволуција на космичко ниво со помош на пресметката наречена „астролошка коперниканска граница“.

Научниците велат дека и во случај таквите цивилизации рамномерно просторно да се распоредени во галаксијата, најблиската потенцијална вонземска која учествува во таквата комуникација од Земјата е оддалечена 17.000 светлосни години.

Оттука, комуникацијата со неа од нашата планета е практично невозможна. Исто така, крајно е мала веројатноста космичка ѕвезда на која можеби се одвива таков живот и која по својата маса наликува на Земјата да се смета за нестабилна ѕвезда, која се вбројува во „црвените џуџиња“.

Со оглед на тоа дека опстанокот на живот на таквата планета би бил ограничен, тоа значи и дека многу е веројатно нашата цивилизација да биде единствената која постои во нашата галаксија, објаснуваат британските научници.

Scroll to Top