Научниците открија мистериозни дупки на дното на Атланскиот океан. Немаат одговор како дупките се настанати. Тие се наоѓаат на морсното дно, 2,7 километри под површината на океанот. Ги замолија на „Фејсбук“ сите кои можат да помогнат кој и како се направени.
„Фејсбуковци време е да ги извадиме научничките капи“, напишале на „Фејсбук“ од „Националната управа за океани и атмосфера“ NOAA.
„Додека нуркавме во саботата, ги забележавме дупките во талогот. Беа пријавени и претходно, но, засега нивното потекло е мистерија за нас. Иако изгледа дека се направени од човеч, малите купишта талог околу нив покажуваат дека се ископани од нешто друго“, велат од NOAA.
Истражувачите се дел од тимот NOAA „Патување до гребенот 2022“, кој ги истражува океаните и ги мапира со помош на возила кои се управуваат од далечина. На тој начин подобро можат да ги разберат подрачјата околу Средноатлантскиот гребен, Азорската висорамнина и зоната на фрактурата.
„Кога е вашата хипотеза?“, ги прашаа корисниците на Фејсбук, во врска со дупките најдени во близина на Средноатланскиот гребен.
Повеќе десетици корисници коментирале и се понудиле да дадат одговор. Тие понудиле неколку различни теории, а некои предложија и земање на примероци од морското дно, од слатководните извори, ракови, корали, седменти во распаѓање, од пештерските отвори, а имаше и такви кои спомнале и вонземјани.
Средноатланскиот гребен се простира од северот до југот на Атланскиот окена и се протега на 10.000 милји, што го прави најдолгиот планински венец на светот и еден од најимпресивните геолошки карактеристики на Земјата.
Затоа што поголемиот дел од него се наоѓа под вода, истиот главно е неистражен. Тоа е место каде се случуваат голем број земјотреси и дом на привлечни хидротермални отвори кои можат да се формираат каде што магмата испушта топлина додека се издига до морското дно.