Научниците предупредуваат: условите за живеење ќе бидат поопасни отколку што мислиме

Меѓународен тим светски научници предупредуваат на опасноста што му следува на човештвото поради климатските промени, загадувањето и брзото намалување на биодиверзитетот. Тие најновото истражување го истакнуваат во списанието Frontiers in Conservation Science.

Авторите сметаат дека и на самите експерти им е тешко ги сфатат размерите на проблемите со кои се соочува нашата цивилизација. Уште потешко е со лаиците.

„Просечните луѓе имаат тешкотии во сфаќањето на сериозноста на овие проблеми“, пишуваат авторите и упатиле порака за сериозно сфаќање на проблемите што му претстојат на човештвото“, пишуваат научниците во својот осврт во списанието Conservation.

„Научниците мора да бидат искрени и точни ако сакаат човештвото да ја разбере големината на предизвиците со кои се соочуваме“, додаваат тие.

Во објавените студии анализирани се повеќе од 150 истражувања. На нив работеле 17 водечки научници вклучувајќи и луѓе од универзитетите „Флиндерс“, „Стенфорд“ и калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес.

Експертите опишуваат веројатни идни сценарија, како што се намалување на биолошката разновидност, масовното изумирање, климатските промени и загадувањето со токсични материи.

„Проблемите поврзани со човековата потрошувачка и растот на населението речиси сигурно ќе се влошуваат во текот на следните децении. Штетите ќе се чувствуваат со векови и се закана на опстанокот на сите видови, вклучувајќи го и нашиот“, порачале авторите.

Тие велат дека првин настојувале да утврдат во која мера експертите ги сфаќаат размерите на заканата во биосферата и нејзините животни облици, вклучувајќи го и човештвото.

За несреќа, нивните резултати покажале дека идните услови за живеење ќе бидат многу поопасни од тоа што експертите моментно веруваат.

Тие сите релевантни податоци ги претставиле и ги објавиле, како и тоа што нè чека, што исчезнало од лицето на земјата и како никој не направил ништо. Исто така, во нивната анализа има и насоки што би можело и би требало да се направи за барем малку да забави црното сценарио.

Извори: Index.hr / Novosti.rs

Scroll to Top