Науката е подготвена да ги направи и мажите бремени!

„Мажите можат да забременат уште од утре ако тоа го сакаат“.

Ова го вели Доктор Ричард Паулсон претседателот на Американското друштво за репродуктивна медицина говорејќи за огромниот напредок во трансплатацијата на матките.

Доктор Ричард Паулсон на годинешниот конгрес во градот Сан Антонио во Тексас, изјави дека не постојат никакви пречки, зошто матката не би била успешно имплантирана во трансродните жени.

„Можете тоа да го направите уште утре“, изјави тој во својот говор.

„Тоа ќе ви биде дополнителен предизвик, но не гледам некој проблем кој тоа би можело да го спречи“, додаде тој, истакнувајќи дека ваквата постапка и понатаму е доста комплицирана.

Док Паулсон упорно инсистира на тоа дека има доволно место за матката која би можела да се трансплатира во машкото тело, затоа што природното породување не би било возможно. Ембрионот би требал да биде имплантиран, а породувањето би требало да се изведе со царски рез.

Многу веројатно е дека бремениот маж ќе мора да прима хормони, поради промените кои ќе се случуваат за време на бременоста, смета Паулсон.

„Јас лично се сомневам дека трансродните жени сакаат да имаат матка, но веројатно ќе сакаат и трансплатација“, ја прокоментира Паулсон самата постапка.

Првата успешна трансплатација на матката од која е родено бебе се случила во 2014 година. Истата е спроведена врз 36 годишна жена која е родена без матка. Таа добила донирана матка од пријателка која била во своите 60-ти години. Осум деца досега се родени преку трансплатација на матката.

На конференцијата Паулсон исто така го истакна недостатокот на свест за зачувување на плодноста кај трансродните пациенти, со напомена дека многу малку од пациентите кои ќе го променат полот, потоа добиваат третмани за зачувување на плодноста пред промената.

Неодамнешното истражување на 20 трансродни мажи утврди дека никој од нив не ги зачувал своите јајници и не ги замрзнал за да ја зачува својата плодност.

Scroll to Top