Навални е отруен со нервниот гас новичок, исто како и Скрипаљ

Алексеј Навални е отруен на ист начин како и поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипаљ, со нервниот гас новичок, пренесуваат светските медиуми.

Германската влада соопшти денес дека во примероците земени од рускиот опозиционерски лидер Навални, биле пронајдени траги од нервниот гас новичок.

Токсиколошките тестови во крвта кај Навални во германската воена лабораторија, покажале несоборлив доказ дека тој е отруен со новичок, стои во соопштението.

„Сојузната влада ги изветува партнерите во ЕУ и НАТО за резултатите од истрагата. Со партнерите ќе рапсраваме за одговарачки заеднички одговор“, велат од Берлин.

Канцеларката Ангела Меркел итно се состанала со најблиските соработници, а за подоцна попладне најавено е обраќање на германскиoт министер за надворешни работи и одбрана Хајк Маса и Анегрет Крамп Каренбауер, пренесува „Хина“.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјавил дека е застрашувачко, тоа што Алексеј Навални бил жртва на напад со хемискиот нервен ангенс во Русија, пренесува „Си-ен-ен“.

Тој додал дека германската влада најсилно го осудува нападот и му посака на Навални целосно опоравување. Навални е познат како остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој во моментов се наоѓа во болница во Берин, откак на 20. август му се слоши на летот од Сибир за Москва.

Тој се лекуваше претходно во болница во Омск, а подоцна беше префрлен во Берлин, по што германските доктори изјавија дека има индиции тој да бил отруен.

Новичок е нервен агенс со кој пред две години во Велика Британија беше отруен поранешниот британско руски двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка.

(Видео) Навални бил отруен на ист начин како и поранешниот агент Скрипаљ

Алексеј Навални бил отруен за да биде замолчен од руските власти

 

Scroll to Top