Принцот Ендру, синот на британската кралица Елизабета Втора и брат на принцот Чарлс, ги отфрли сите обвинувања на негова сметка за поврзаноста со милијардерот Џефри Епстајн и неговата вмешаност во педофилија.
Принцот ги карактеризира ваквите обвинувања како неточни, шпекулации и заговори кои се водат против него.
Ендру со месеци беше обвинуван дека е вмешан во аферата со педофилија, скандал од кој на крајот Џефри Епстајн заврши во затвор во Њујорк, каде се обеси додека го чекаше почетокот на судењето.
Епстајн и претходно беше обвинет за педофилија, по што одлежа и затворска казна. Судот во 2008 година го осуди милијардерот за заведување и искористување малолетна девојка на Флорида.
Принцот Ендру откако заврши на насловните страници на сите светски таблоиди поради сведоштвото на Вирџинија Робртс, вели дека морал и самиот тој да излезе во јавност со изјава за да ги негира ваквите шпекулации.
„Не се сеќавам на таа жена. Никогаш во животот ја немам среднато“, изјавил Ендру за Би-би-си.
Прнцот објаснил и дека секојдневно бил подложен на тортура и префрлања од јавноста затоа што продолжил да ја посетува вилата на Епстајн и по неговото излегување од затвор во 2008 година.
Вирџинија е девојката која го обвини британскиот принц дека ја присилил на секс кога таа имала 17 години. Таа за медиумите изјави дека Ендру ја искористил во 2000 година, кога била малолетна.