Нови докази го откриваат вистинскиот идентитет на британскиот сериски убиец Џек Мевосек

Во еден дневник наводно е откриено вистинското име на Џек Мевосек.

Идентитетот на серискиот убиец Џек Мевосек, останува една од најголемите криминалистички мистерии на светот.

Неговите брутални злочини веќе стотина години го привлекуваат вниманието на јавноста, а поради легендата за него настанале бројни книги, филмови, па дури и музика. Но, и покрај тоа, никој до ден денес не знае ништо за вистинскиот идентитет на убиецот. Но, новото откритие би можело тоа наскоро да го промени.

Во еден дневник наводно е откриено името на Џек Мевосек. Дневникот, наводно е напишан од страна на Џејмс Мајбрик, кој се појави пред 25 години, а експертите почнаа да ја доведуваат во прашање неговата автентичност.

Мајбрик, трговец со памук, во својот ракопис признал дека убил пет жени во Лондон, и уште една проститутка во Манчестер.

Изворот на овој дневник не е веродостоен, но поедини истражувачи тврдат дека откриле докази кои потврдуваат дека неговиот сопственик навистина бил Џек Мевосек.

Овој документ стигнал до јавноста кога Мајк Барет тврдел дека го добил од пријател, но не сакал да одговори, од каде навистина потекнува.

Сега се појавија и докази дека дневникот навистина дошол од Мајбриковата куќа во Ливерпул, пренесува unilad.co.uk.

Експертот Роберт Смит, кој во 1993 година, го објави дневникот, токму ја објави новата книга и мисли дека Барет и неговите пријатели не сакаат да зборуваат за истиот, од страв дека можат да бидат гонети.

Тој изјави дека во текот на истражувањето на Брус Робинсон, утврдена е трага која покажува дека дневникот потекнува од домот на Мајбрик.

Трговецот пред својата смрт, во 1889 година, само година дена по извршеното убиство, живеел во богато подрчаје во Ливерпул.

Лијонс доста врмее минувал во барот кој го посетувал Мајк Барет. Тројцата мажи работеле на таа куќа истиот ден кога Барет го повикал издавачот Дорен Монтгомери, и изјавил за дневникот на Џек Мевосек.

Тогаш Барет во 1995 година, изјавил дека целата работа ја измислил, но дека таа изјава подоцна ја повлекол, пренесува unilad.co.uk.

Некои тврдат дека дневникот содржи детали кои би можеле да ги знаат само Џек Мевосек, додека други тврдат дека ги напишал на основа на новинарските текстови од времето на Џек Мевосек.

Во последниот пресврт сите три изведувачи ги негирале врските со книгата, но Смит верува дека целата приказна е вистинита.

„Никогаш немало сомнеж дека дневникот е напишан во перидоот од 1888 година, до 1889. Новите и неоспорни докази од 9 март 1992 година, говорат дека дневникот е пронајден под подот во просторијата каде била спалната соба на Џејмс Мајбрик во 1889 година.

Авторот на дневникот најверојатно е Мајбрик и засега тој е главниот осомничен како Џек Мевосек. Но, за да се утврди точната вистина, можно е да биде потребен уште еден век“, изјави Смит.

Scroll to Top