Нови докази за изборната кражба во САД, Доналд Трамп објави како биле пумпани гласови за Џо Бајден

Доналд Трамп изнесе нови наводи кои одат во негова корист и во прилог на неговата теорија за неправилностите кои се случија по изборите на 3. ноември, поврзувајќи и пренесувајќи низа на соопштенија на аналитичарот на податоци Џастин Јарт,

Во нив се зборува за големо, нагло, зголемување на гласовите во корист на Џо Бајден, кое се случило во клучните држави.

„Ќе ги користам овие картици во судската постапка. Изборите беа измама“, напиша Трамп во петокот утрото, откако му се заблагодари на Харт на информациите.

На графиконот кој ги прикажува резултатите од изборите во Мичиген, користејќи податоци за кои се тврди дека се внесени поединечно од Њујорк Тајмс, Харт истакнува дека уделот на гласовите на Трамп во државата, како се приближувало утрото на 4. ноември, постепено опаѓало.

Па од речиси 55%, тоа се спуштило на 49%. Но, од вкупниот број, од 149.772 гласа забележани во 6:31 часот, дури 134.886 (или 96%) му припаѓале на Бајден.

Ден претходно, Трамп на „Твитер“, објавил уште еден графикон на Харт, кој прикажува сличен феномен кој се случил во Висконсин. Податоците и тука се засноваат на поединечни временски ознаки во Њујорк и покажуваат како Трамп водел пред Бајден, во поголемиот дел од ноќта.

Тој водел пред додавањето на гласовите, кое се случило во 3:42 часот, по што Бајден добил нови 143.379 гласови, што довело до буквално изедначување на изборите.

„Погледнете ја ситуацијата која се случила во Висконсин. Ден по изборите, Бајден добил дополнителни 144.379 гласови, во 03:42 часот, кога дознале дека губи. Ова е неверојатно“, напишал Трамп на „Твитер“.

Американските мејнстрим медиуми, веднаш предвиделе дека Бајден ќе освои 26 гласови во Мичиген и Висконсин. Понатаму, медиумите известиле дека демократскиот кандидат наводно го победил Трамп во тимот на држави со 50,6 во однос 47,8 во првата и 49,6 до 48,9% во втората, со победничка маржа од 155.629 гласови, односно 20.608 гласови разлика.

Денешната најава на Трамп, „Твитер“ ја опиша како навод за изборна кражба, која е веќе оспорена. Податоците кои ги користел Харт, треба да бидат независно проверени. Харт е самонаречен аналитичар на податоци, информативен архитект и соработник на компанијата Rational Ground.

Оваа компанија работи на информативен проект, поврзан со ковид 19. Иако американските претседателски избори се одржани на 3. ноември, Трамп и понатаму одбива да го препознае Бајден како конечен победник.

Адвокатите од неговата кампања, ги обвинија лидерите во градовите со кои управува Демократската партија, кои ги сметаат за клучни држави на военото поле, дека спроведувале координирана и централизирана кампањска измама со гласачите.

Во четвртокот, адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, пред новинарите изјави во Вашингтон, дека неговит тим собрал стотина сведоци и имале десетици сведочења, за нерегуларностите при гласањето. Имало сведоштва за недостаток на соодветно следење на изборите, особено на гласачките гливчиња и наводи манипулација со таканаречените обучувачи кои биле присутни на гласачките места.

Бајден, лидерите на демократите и повеќето американски мејнстрим медиуми, како и наводно некои републиканци, ги отфрлиле наводите за иамам и го обвинија Трамп за рушење на демократијата и побараа од него, да му го отстапи местото на демократскиот кандидат.

Месеци пред изборите, Трамп жестоко се спротивставувал на гласањето преку пошта, опишувајќи го таквото гласање како гласање, надвор од контрола и катастрофално. Тој тврдел дека преку истото, многу лесно може да се украдат, фалсификуваат или да се променат гласовите.

Тоа ленсо можело да се случи преку регистрираните гласачки ливчиња во отуство и гласови кои би произлегле од личното гласање. Во септември, постарите демократи го обвинија дека тој се обидува да ja поткопа вербата во американскиот, демократски процес, како и тоа дека нападот на гласањето преку пошта, му служи само како изговор за повторно да остане на власт, иако ветил дека брзо и без никакви пречки ќе дозволи пренос на власта на новоизбраниот претседател.

Scroll to Top