Нови три лица се осомничени за смртта на Марадона

By

Надлежните органи во Аргентина го зголемија списокот на осомничени за смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона. На списокот на обвинители сега се најдоа нови три лица, кои се осомничени за небрежност во неговото лекување.

Прв од осомничените беше неговиот личен лекар Леополдо Лук, кој беше задолжен да се грижи за неговата здравствената состојба. Сега властите го проширија списокот на осомничени и на него ги додадоа психологот Карлос Дијаз и медицинските работници Дијана Мадрид и Рикардо Алмирон.

Сите се обвинети за небрежност и дека не се грижеле доволно за Марадона, па како резултат на тоа се влошила неговата здравствена состојба.

За потсетување, Марадона почина на 25 ноември минатата година на 61 година. Тој неколку недели претходно беше опериран, откако лекарите констатираа дека има голем хематом на мозокот. Тогаш велеа дека постапката била неопходна.

За жал, состојбата со Марадона потоа драстично се влоши.

 

Ќе ви се допадне

Watch One Piece 3D2Y: Ace no shi wo Koete! Luffy Nakama Tono Chikai (Dub) Episode Full

AnimeHeaven Watch english anime Online in HD for FREE

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animeflix.nl: Watch Majimoji Rurumo: Kanketsu-hen animeflix Episode 2 dragon ball z animeflix

Piqs: https://piqs.de/user/kissanimemx/

Lifeofpix: https://www.lifeofpix.com/photographers/gogoanimelol/