Од Хрватска во 2017 година си заминале 47.000 луѓе

Градот Загреб и областа на Истра се единствените од хрватските области во кои минатата година повеќе луѓе се доселиле отколку што се иселиле.

Ова го покажуваат најновите податоци на Државната статистика за миграции на населението во Хрватска во 2017 година.

Според тие податоци, во градот Загреб лани се доселиле 13.578 луѓе. Дел во останатите делови на Хрватска, дел во странство. Од метрополата се иселиле (дел во другите краеви на Хрватска, дел во странство)12.755 жители.

Вкупното миграциско салдо за Загреб е позитивно бидејќи метрополата, како што покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, добила 1.003 нови жители.

На Истра лани се доселиле 3.516 луѓе, а од неа се иселиле 2.517 жители. Кога ќе се повлече црта, тоа значи дека најзападната област, според податоците на Државниот завод за статистика, во процесот на внатрешни и надворешни миграции лани добила 999 нови жители.

Најлошо е во Славонија

Сите други хрватски жупании биле во демографски минус, што значи дека од нив повеќе луѓе се иселиле отколку што се доселиле. Притоа најлошо минале Вуковарско-сремската област, која со внатрешните и надворешните миграции изгубила 5.665 луѓе. Приближно еднакво лошо минала и Осиечко-барањската област, која во 2017 година забележала демографски минус од 5.460 луѓе.

Алармантна е состојбата и во Бродско-посавската област, која минатата година изгубила 3.701 жител, како и во Сисачко-мославинската област, која била во демографска негатива од 3.596 жители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Местото на живеење во Хрватска лани го промениле 71.580 граѓани.

Кога станува збор за надворешните миграции, односно иселувањето од Хрватска и вселувањето во неа, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека Хрватска лани ја напуштиле 47.352 жители, што е околу еден град со големина на Вараждин.

Се работи за најголемиот број иселени од влезот на оваа земја во Европската Унија во 2013 година. Сепак, треба да се напомене дека овие бројки се темелат на податоците за одјава од живеалиштата, кои граѓаните самите ги пријавуваат во полиција, што всушност значи дека се некомплетни бидејќи многу нови иселеници не го одјавуваат своето постојано претходно живеалиште.

Не е исклучено лани повеќе луѓе да го имаат одјавено своето постојано живеалиште во Хрватска, но кога претходно минале неколку години во странство за да видат дали полесно ќе се снајдат во новата средина.

Најмногу заминале во Германија

Најмногу Хрвати кои лани се иселиле во странство, 63,9 отсто, заминале во Германија. Меѓу земјите што во 2017 година најмногу се иселиле хрватските граѓани значаен удел од по 5,9 отсто имаат државите Австрија и Ирска.

Иселувањето во Австрија особено е интересно бидејќи се работи за една членка на ЕУ, која сѐ уште не им ги има отворено вратите на Хрватите на пазарот на труд. Значителен број иселеници од Хрватска заминале и во Босна и Херцеговина, 5,1 отсто, потоа во Србија 4,9 отсто, покажуваат податоците од ДЗС.

Истовремено, во Хрватска лани се доселиле 15.553 нови жители, од кои половината од нив се со хрватски пасош, кои доаѓаат од поголемиот дел од Босна.

Кога бројката на доселени од странство ќе се одземе од бројот на иселени во странство, произлегува дека Хрватска лани имала негативно миграциско салдо од 31.799 лица.

Притоа сите области, освен таа на Истра, имаат демографски минус во надворешните миграции. На Истра лани од странство се доселиле 1.859 луѓе, а од неа во странство се иселиле 1.543 луѓе.

Дури и градот Загреб лани имал негативно салдо во надворешните миграции бидејќи во метрополата од странство во 2017 година се доселиле 3.715 луѓе, а во странство се иселиле 6.814 луѓе.

И во внатрешните и во надворешните миграции минатата година повеќе учествувале мажи отколку жени. Нешто помалку од половината од вкупниот број иселеници во странство, или 48 отсто од нив, биле од 20 до 39 години, покажуваат податоците од Заводот за статистика.

Како што може да се види, владата во оваа земја и сличните како неа, само говорат за мерките за спречување на иселувањето на младите, но тоа останува само на зборови. Иселувањето е само резултат на уништување на државата во изминатите 28 години и сите мора да се запрашаат како тогаш овој проблем ќе се реши преку ноќ? Едноставно… никако! Од погоренапишаното, ова изгледа како некаков мастер-план, со кој сака да се уништат граѓаните на оваа земја.

 

 

 

 

Градот Загреб и областа на Истра се единствените од хрватските области во кои минатата година повеќе луѓе се доселиле отколку што се иселиле.

Ова го покажуваат најновите податоци на Државната статистика за миграции на населението во Хрватска во 2017 година.

Според тие податоци, во градот Загреб лани се доселиле 13.578 луѓе. Дел во останатите делови на Хрватска, дел во странство. Од метрополата се иселиле (дел во другите краеви на Хрватска, дел во странство)12.755 жители.

Вкупното миграциско салдо за Загреб е позитивно бидејќи метрополата, како што покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, добила 1.003 нови жители.

На Истра лани се доселиле 3.516 луѓе, а од неа се иселиле 2.517 жители. Кога ќе се повлече црта, тоа значи дека најзападната област, според податоците на Државниот завод за статистика, во процесот на внатрешни и надворешни миграции лани добила 999 нови жители.

Најлошо е во Славонија

Сите други хрватски жупании биле во демографски минус, што значи дека од нив повеќе луѓе се иселиле отколку што се доселиле. Притоа најлошо минале Вуковарско-сремската област, која со внатрешните и надворешните миграции изгубила 5.665 луѓе. Приближно еднакво лошо минала и Осиечко-барањската област, која во 2017 година забележала демографски минус од 5.460 луѓе.

Алармантна е состојбата и во Бродско-посавската област, која минатата година изгубила 3.701 жител, како и во Сисачко-мославинската област, која била во демографска негатива од 3.596 жители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Местото на живеење во Хрватска лани го промениле 71.580 граѓани.

Кога станува збор за надворешните миграции, односно иселувањето од Хрватска и вселувањето во неа, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека Хрватска лани ја напуштиле 47.352 жители, што е околу еден град со големина на Вараждин.

Се работи за најголемиот број иселени од влезот на оваа земја во Европската Унија во 2013 година. Сепак, треба да се напомене дека овие бројки се темелат на податоците за одјава од живеалиштата, кои граѓаните самите ги пријавуваат во полиција, што всушност значи дека се некомплетни бидејќи многу нови иселеници не го одјавуваат своето постојано претходно живеалиште.

Не е исклучено лани повеќе луѓе да го имаат одјавено своето постојано живеалиште во Хрватска, но кога претходно минале неколку години во странство за да видат дали полесно ќе се снајдат во новата средина.

Најмногу заминале во Германија

Најмногу Хрвати кои лани се иселиле во странство, 63,9 отсто, заминале во Германија. Меѓу земјите што во 2017 година најмногу се иселиле хрватските граѓани значаен удел од по 5,9 отсто имаат државите Австрија и Ирска.

Иселувањето во Австрија особено е интересно бидејќи се работи за една членка на ЕУ, која сѐ уште не им ги има отворено вратите на Хрватите на пазарот на труд. Значителен број иселеници од Хрватска заминале и во Босна и Херцеговина, 5,1 отсто, потоа во Србија 4,9 отсто, покажуваат податоците од ДЗС.

Истовремено, во Хрватска лани се доселиле 15.553 нови жители, од кои половината од нив се со хрватски пасош, кои доаѓаат од поголемиот дел од Босна.

Кога бројката на доселени од странство ќе се одземе од бројот на иселени во странство, произлегува дека Хрватска лани имала негативно миграциско салдо од 31.799 лица.

Притоа сите области, освен таа на Истра, имаат демографски минус во надворешните миграции. На Истра лани од странство се доселиле 1.859 луѓе, а од неа во странство се иселиле 1.543 луѓе.

Дури и градот Загреб лани имал негативно салдо во надворешните миграции бидејќи во метрополата од странство во 2017 година се доселиле 3.715 луѓе, а во странство се иселиле 6.814 луѓе.

И во внатрешните и во надворешните миграции минатата година повеќе учествувале мажи отколку жени. Нешто помалку од половината од вкупниот број иселеници во странство, или 48 отсто од нив, биле од 20 до 39 години, покажуваат податоците од Заводот за статистика.

Како што може да се види, владата во оваа земја и сличните како неа, само говорат за мерките за спречување на иселувањето на младите, но тоа останува само на зборови. Иселувањето е само резултат на уништување на државата во изминатите 28 години и сите мора да се запрашаат како тогаш овој проблем ќе се реши преку ноќ? Едноставно… никако! Од погоре напишаното, ова изгледа како некаков мастер-план, со кој сака да се уништат граѓаните на оваа земја.

 

 

 

 

 

Scroll to Top