Одгледувањето овошје и зеленчук во сопствен двор е казниво дело

By

Граѓанските права за сопствениците на куќи доживеаја голем удар откако судовите во Флорида потврдија дека одгледувањето билки и растенија во сопствен двор претставува злосторство.

dobivaj vesti na viber

Од сите страшни работи кои една личност може да ги направи овие денови градинарството е последната работа што би требало да се третира како казниво дело.

Никој повеќе не е изненаден што владата во сенка и понатаму користи тактика на цврста рака против невините луѓе, кои бараат да се вклучат во некоја основна самоодржлива активност. Ако не можат да ви го одземат оружјето, тогаш можат да ви ја одземат градината.

Овој приказ на очигледна државна тиранија најпрво почнал во далечната 2013 година кога Гермин Рикетс и нејзиниот сопруг Том Карол биле соочени со казни од по педесет долари на ден за злосторство кое подразбирало одгледување билки, како домати и азиска зелка, во нивниот двор. Ова се случило по промената на градскиот правилник.

Тие не добиле никаква затворска казна, но двојката, сепак, морала да ја уништи својата плодна градина.

Двојката од тогаш се борела против Градот Мајами и нивните правилници со помош на Институтот за правосудство и непрофитните адвокатски компании.

Адвокатот Ари Баргли утврдил:

„Оваа одлука на локалните власти е голем маневарски простор за регулирање на безопасните активности во име на естетиката. Тоа ѝ дава на владата овластување да го забрани домашното одгледување билки во дворовите само затоа што имаат намера да ги јадат“.

По неодамнешната пресуда од Окружниот суд за жалби, која го погоди Градот Мајами, Рикетс и Керол сега сакаат да пријават нов случај до Врховниот суд во Флорида.

Според најновото решение, Градот Мајами има право да издаде овластување поради критериумите на дизајн, уредување и одржување на градот, и со тоа да ја намали вредноста на правата на сопственост и да спречи намалување на вредноста на недвижноста само заради „заштита“ на изгледот на градот.

Дали убаво одржувана градина навистина е трн во око со кој би се намалила вредноста на недвежноста?

Ричард Сарафан, адвокат од Мајами, тврди дека доколку Градот допуштел двојката да ја задржи својата градина во дворот во предниот дел на куќата, тие во иднина би го поплочиле патот до пеколот. Сарафан се жалел дека градината на брачната двојка била „исполнета со лонци“, кои требале да бидат поставени во задниот дел од куќата.

Не постојат причини да не се вложи приговор на одлуката на Окружниот суд, бесмислено е зошто е во ред владата да донесе закон против хранливите билки, но не и против украсните.

Адвокатот Ари Баргли се спротивставил на барањето на судот и изјавил дека е „ирационално за владите да го забранат одгледувањето билки кои се јадат како дел од оброк, за разлика од одгледувањето билки кои служат исклучиво за украс“. Како владата ќе им соопшти на граѓаните кои видови билки можат да ги одгледуваат?

Владата носи сè повеќе закони поврзани со одгледување билки и други здрави животни избори, што е растечки проблем во Соединетите Американски Држави. Каде ќе се повлече цртата? Слободата на храна и здравје е веќе под прашалник, оваа пресуда е доказ за тоа.

 

Ќе ви се допадне