Огромен астероид минал многу блиску до Земјината атмосфера

Астероидот 2018 GE3, кој според процените на експертите е со големина на фудбалски терен, минал многу блиску покрај Земјата во неделата утрото.

Астероидот,кој имал нешто повеќе од 45 метри пречник, бил поблиску до Земјата и од Месечината, која орбитира на растојание од 385.000 километри од нашата планета.

Според извештајот на НАСА, само неколку часа откако е регистрирана најблиската оддалеченост на астероидот 2018 GE3 од нашата планета, тој уште повеќе се доближил до Месечината.

Неговите димензии биле од три до шестпати поголеми од обемот на вселенскиот камен, кој во 2013 година паднал во Русија и поради кој 1.500 луѓе завршиле во болница.

Доколку GE3 влегол во Земјината атмосфера, научниците претпоставуваат дека ефектите би биле слични, само што штетата би била посериозна и поголема, со потенцијално поголем број повредени.

Scroll to Top