ОН наскоро со студија за последиците од уништената природа и климатските промени

Голема тригодишна студија направена од страна на експерти од Обединетите Нации, која ќебиде објавена во мај, предупредува за уништување на шумите, морињата, земјиштата и загадениот воздух, работи кои се повеќе го туркаат животот на Земјата на работ на пропаст.

Во 2018 година биле забележани голем број на застрашувачки предупредувања и закани за климатските промени кои се опасни по животот на човекот. Природата се распаѓа. Поради слободниот пад на системот за одржување на живот на планетата, се соочуваме со масовни изумирања на животински видови и миграции на луѓето.

На тригодишната студија работена во Обединетите нации, работеле повеќе од 500 експерти од 50 земји. Во неа се наведува дека десетина илјади видови се под ризик да изумрат. Повеќето држави ги исцрпуваат природните ресурси со брзина која оддалеку ја надминува онаа на природата и нејзината способност повторно да ги обнови.

Поради тоа загрозен е процесот на одгледување на храна и пронаоѓање на плитка вода, а паралелно со тоа се бележи и порастот на човечката популација насекаде низ светот. Еден од најалармантните проблеми е опрашувањето на посевите за храна, затоа што во сетот има се помалку пчели и инсекти.

Во Северна и Јужна Америка, како што е наведено во студијата, работата која ја извршуваат инсектите, плус наводнувањето од природни извори, вреди повеќе од 24.000 милијарди долари годишно. Ширум светот опрашувањето преку пчелите и другите животни вреди 577 милијарди долари.

Ширум светот се палат и уништуваат шуми, процеси со катастрофални последици по дивите животни и луѓето. Шумите се сечат од Малезија, Индонезија до Западна Африка, за да човекот успее да обезбеди палмино масло, кое ни е потребно за грицки и козметика. Огромни подрачја од Амазонот се уништени, за да се направат места за плантажи на соја и сточни фарми, како и поради дрвната индустрија.

Индустриското земјоделство е виновно за уништување на голем дел од природата“, изјавил Марк Ронсевел, професор од Технолошкиот институт Карлсруе во Германија.

„Системот на производство на храна е во коренот на проблемот. Во цената на храната која ја плаќаме, не е пресметан трошокот на еколошкото упропастување на светот. Сеуште го субвенционираме и рибарството и земјоделството. Уништувањето кое го предизвикува земјоделството ги загрозува темелите на нашиот прехрамбен систем. Извештајот на Обединетите нации предупредува, дека губењето на земјиштето, билките, дрвата и опрашувачите, од типот на птиците, глувците и пчелите, ја поткопува способноста на целиот свет да произведува храна. Човештвото е опседнато со економски раст, а истовремено бројот на луѓе постојано расте, особено во Северна и Јужна Америка, каде до 2050 година, се очекува да живеат 1,2 милијарди луѓе и да се удвои бруто домашниот производ“, вели Ронсевел.

„Природата ќе биде особено здрмана во текот на следните 30 години“, изјавил Џејк Рајс, главниот научник од канадската владина служба за океани и рибарство.

Високата потрошувачка и деструктивна економија, дополнително ќе ги деградира копнените и морски екосистеми, вели Рајс. Таквиот свет човештвото ќе го чини се повеќе за да може да преживее уште една година повеќе, а на крајот под знак прашање ќе биде ставен опстанокот на човештвото.

„Губитокот на дрва, ливади и мочурни шуми е еквивалент на околу 10% годишно од бруто приозводот на светот. Поради тоа изумираат голем број животински видови, климатските промени сè се полоши и ни се заканува шесто планетарно масовно изумирање на животот на Земјата“, е наведено во извештајот на Обединетите Нации.

Африка е последното скривалиште за голем број на големи цицачи, но според моменталното сценарио до 2100 година, повеќе од половината афикански видови птици и цицачи нема повеќе да постои. Околу 20% од копнената површина на Африка веќе е уништена со ерозија, губиток на вегетација, загадување и поместувањето на земјата.
Со зголемената бројка за нови 2,5 милијарди луѓе до 2050 година, ударот на човекот врз природата ќе биде уште поголем. Проблемот е многу подлабок од закана за китовите, слоновите и другите животни. Од 1970 година, бројот на животни е намален за 60% од 1970 година, според податоците на World Wildlife Funda и тоа се поради човекот.
Се уништува и популацијата на инсекти, најмногу поради пестицидите, кои се клучни за исхраната на други животни како и за опрашување. Во Европа бројот на пчели е помал за 37%, а пеперутките за 31%, слично како и на југот на Африка. Во Европа исчезнале повеќе од 70% од слатководните видови на риба и 61% од водоземците.
Исчезнати се 26% од морската риба и 42% од живтните на копно. Тоа е драматична промена и директна последица од земјоделството. Таквото уништување на светот доведува до помасовни миграции на луѓето и чести војни. Политичката и општествена нестабилност, директно предизвикува полсба плодност на земјиштето.
За 30 години деградацијата на земјиштето, заедно со климатските промени ќе примора бројка од 50 милиони луѓе до 700 милони луѓе да мигрираат. Во нивните земји, повеќе нема да може да се живее.
Студијата на ОН наведува дека опстанокот на преостанатото богатство на природата, зависи од домородните популации, кои воглавно живеат во далечените подрачја во светот. Иронично, овие автохтони заедници често знаат како да ја зачуваат природата и често на научниците им даваат детални информации за промена на околината.
Бразил, земја во која живеат 42.000 билни видови, 9000 видови на р’беници и речиси 130.000 безрбетници, има автохтоно население од речиси 900.000 луѓе.
Токму домородните народи денес се подложени на дискриминација, закани, па дури и убиства. На пример, во Бразил по доаѓањето на власт, Жаир Болсонаро направи експлозија на високо корпоративни програми кои се против интересите на домородците, кои пак до ден денес ги чувствуваат нејзините последици.
Scroll to Top